МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ОЈО: Дел од обвинетите од „27 април" организирани и со фантомки влегле во Собранието
Заев-Галовеј: Потврдена поддршката од Обединетото Кралство за спроведувањето на пресп..
ОЈО: На „27 април“ полицајците се повлекле, а обвинетите организирани и со фантомки в..
Димитров до Палмер: Македонските граѓани својата иднина ја гледаат во евро-атлантскот..
Регион
Харадинај: Косово е вечно благодарно на Весли Кларк и САД

Харадинај: Косово е вечно благодарно на Весли Кларк и САД

среда, 16 мај 2018, 16:00ч.   |   Z.H.

 Косово и косовскиот народ ќе бидат доживотно благодарни и никогаш нема да ја заборават помошта на американскиот генерал Весли Кларк и на САД. Неговото име ќе остане засекогаш во сеќавањата на Албанците, каде и да се тие.

Ова, како што јави дописникт на МИА од Приштина, го изјави косовскиот премиер Рамуш Харадинај на средбата со поранешниот командант на силите на НАТО во Европа, Весли Кларк, кој престојува во Приштина како гостин на американска фондација која организира манифестација за собирање донации за косовските талентирани студенти.
 
Во соопштението на косовската Влада, се вели дека Харадинај изразил голема благодарност за придонесот на Кларк во 1999 година, кога под команда на американскиот генерал НАТО интервенираше против Србија.
 
– Благодарение на САД, НАТО, преседателот Бил Клинтон, државната секретарка Медлин Олбрајт, генералот Весли Кларк, поранешниот британски премиер Тони Блер и на сиот демократски свет, на сите кои придонесоа за ослободувањето на Косово, денес Косово е слободно и независно. Доживотно сме благодарни на сите кои помогнаа да не се истреби нашиот народ, рече Харадинај.
 
Кларк, кој беше гостин на Институтот за технологија од Ричмонд, односно на огранокот на оваа невладина организација во Косово, рече дека се надева да види една економски просперитетна косовска држава и дека најдобро би било Косово и Србија да воспостават добрососедски односи.
 
– Развиена косовска економија е побитна отколку создавање косовска војска и приоритет треба да биде стабилизирање на односите со Србија, рече Кларк.

© ЖУРНАЛ    ~66,22

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Уште еден чин во циничната игра за Косово
Србите бараат Европа да го вклучи алармот за она што е најавено за Нова година
Косовска делегација непоканета влета во ОН, а Тачи дури и се сретна со Трамп
Вучиќ за Ројтерс: Ако потпишеме договор со Приштина, ќе мора да добиеме гаранции за влез во ЕУ во 2025
ЉУБОВНА ДРАМА: Скокнал од 13 кат по караница со девојката
СКАПО ПЛАТИЈА ЗА ШЕГА НА ПЛАЖА: Завршија во затворска ќелија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.