МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Парламентарни заедно со претседателските, заради цензусот
Три нови случаи со мали сипаници во Скопје, досега 69 заболени
Законот за употреба на јазиците испратен до Венецијанската комисија
Македонија
Амди Бајрам станува дел од владината коалиција

Амди Бајрам станува дел од владината коалиција

вторник, 15 мај 2018, 15:13ч.   |   Xh.I.

Сојузот на Ромите на Амди Барјам станува дел од владината коалиција, предводена од СДСМ. Премиерот Зоран Заев рече дека нема да добие министерско место, туку ќе добие одговорност на други позиции. Тој не сакаше да открие која партија кое министерско место ќе го преземе.

„Досега имаме постигнато договор со Беса на Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам кој што делуваше независно, но ги поддржуваше политиките на власта. Продолжувам и понатаму да разговарам и со други субјекти. Не би спомнувал имиња затоа што треба органите и телата на партиите да одлучуваат. Штом тоа ќе биде готово ќе биде соопштено од самите партии кои ги номинираат кандидатите“, рече Заев и додаде дека за него пред сè е најважно за какви личности се работи.

Заев очекува најдоцна до крајот на неделата да ги формализира и предлозите да ги испрати до Собрание. Исто така, премиерот очекува при крајот на месецот со новиот владин состав да се разговара и за подолните ешалони односно за директорските места.

На новинарско прашање дали има доверба во лидерот на ДПА кој во бомбите се колнел дека ќе ѝ биде верен до гроб, Заев рече дека довербата е релативна работа. „Мендух Тачи нема да биде член на Владата“, рече Заев.

Тој не сакаше да открие кои министри на СДСМ ќе бидат сменети. „Не би сакал да соопштам затоа што процесот на одлучување сè уште во тек. Веднаш штом ќе бидат познати имињата веднаш ќе ги споделам со јавноста“.

© ЖУРНАЛ    ~111,37

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.