Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Груевски имал 91 советник и соработници кои годишно чинеле 1,73 милиони евра

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Македонија

Груевски имал 91 советник и соработници кои годишно чинеле 1,73 милиони евра
197998.png

Поранешниот претседател на Владата на Република Македонија Никола Груевски имал 91 советник и надворешни соработници за кои годишно биле издвојувани 1,73 милиони евра, објави денеска владината прес-служба.

„Владата на Република Македонија ги следи принципите на отвореност, транспарентност и отчетност во својата работа и во таа насока информира дека сите советници на премиерот Зоран Заев се јавно објавени на официјална веб страницата, а прашањата од медиумите поврзани со нивниот број и дневни работни активности се одговараат на дневна основа. Со цел јавноста да може да направи споредба со работењето на претходната Влада, ви ги презентираме трошоците за плати на сите 91 советник и надворешни соработници на поранешниот Претседател на Владата на Никола Груевски кои изнесувале 1,73 милиони евра годишно“, се вели во соопштението од прес службата на Влада.

Потенцираат дека сумата за плати која била потрошена во тој период е тројно поголема од вкупната сума која оваа Влада ја издвојува за сите советници, посебни советници и надворешни соработници на премиерот.

 15.05.2018, 13:21  | Xh.I. | 75

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

24201
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.