Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Османи: Историската мисија за обединета Европа е нашата стратешка цел

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Македонија

Османи: Историската мисија за обединета Европа е нашата стратешка цел
mkd-374607.jpg

Паневропската идеја за обединета Европа веројатно е една од најпрогресивните и најблагородните идеи на минатиот век, која сè уште ја плени политичката идеологија на континентот. Таа е во иста насока и со нашите стратешки интереси за полноправно членство во ЕУ, изјавил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со делегација на Паневропското движење од Германија и Австрија.

Според Османи, не само Македонија, туку и интеграцијата на целиот Западен Балкан во ЕУ е еден од најголемите предизвици на земјите од регионот, но во моментов и еден од најважните приоритети на Унијата.

Во овој контекст Османи го посочил позитивното расположение кое се создаде во текот на минатата година околу иднината на земјите од Западен Балкан, чии напредок беше валоризиран со Стратегијата за проширување на Комисијата, а  подоцна беше потврден и со извештаите за земјите од Западен Балкан. Овој нов бран европски оптимизам придонесе за создавање на нова позитивна атмосфера во регионот и претставува охрабрување и поттик за понатамошни реформи што ќе го приближат Западен Балкан кон ЕУ.

Тој додал дека оваа посветеност на Унијата кон Западниот Балкан ќе ја има својата кулминација наскоро, на претстојниот Самит во Софија посветен токму на регионот, не криејќи ја притоа надежта и очекувањата на Република Македонија за одлука од страна на Европскиот совет во јуни, за почеток на преговорите.

„Нашите стратешки интереси се во насока на вашата историска мисија за обединување на Европа“, изјави Османи, кој очекува поддршка и од германските и австриските претставници на Паневропската организација кои со својата моќ и влијание можат да дадат придонес во остварувањето на нашата стратешка цел -приклучувањето на Македонија во големото европско семејство.
 

 11.05.2018, 14:28  | Xh.I. | 93

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

24096
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.