МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Отворен е патот за излез на Македонија од изолација
Ковачев: ВМРО-ДПМНЕ користи комунистички лаги и шири омраза
Ахмети до Коѕијас: Ви се заблагодарувам за посветеноста за затворање на прашањата со..
Левица најави антивладини протести
Економија
Тиквеш“ заврши со исплатата на откупеното грозје

Тиквеш“ заврши со исплатата на откупеното грозје

четврток, 05 април 2018, 13:34ч.   |   Xh.I.

И оваа година, близу еден месец пред крајниот законски рок, Винарската визба „Тиквеш“ заврши со исплата на средствата за откупеното грозје од последната берба.

Заклучно со 5-ти април, исплатени се средствата на лозарите и постигната е средна цена од над 16 денари и максимална цена од над 22 денари за килограм квалитетно грозје.

„Редовната исплата, како и постигнатите цени за килограм грозје кои се поголеми од препорачаните цени заради високиот квалитет на грозјето, се најдобар показател за стратешкиот пристап што го има „Тиквеш“ во градењето на партнерскиот однос со лозарите што е предуслов за производство на вина со врвен квалитет кои ќе бидат конкурентни на светски вински пазари“, вели генералниот директор на Винарската визба „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

Долгорочната соработка на „Тиквеш“ со лозарите, физички и правни лица, се остварува преку континуирана едукација и поддршка при примената на современи агро – технички методи и практики во одгледување и заштита на лозовите насади. На лозарите кои ги почитуваат ваквите стручни совети и упатства „Тиквеш“ им го гарантира откупот на грозјето со висок квалитет и им обезбедува дополнителен бонус при исплатата на грозјето./ПР

© ЖУРНАЛ    ~100,34

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Раст на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал
СДСМ: Септемвриската пензија зголемена за 1,8 отсто
ФОРДОМАНИЈА завладеа и во Македонијa
Индустриското произвоство со раст од 5,1 процент во осумте месеци од годинава
ММФ предвидува раст на македонската економија од 1,6 отсто
Сугаревски: Градежните активности ќе бидат комплетно завршини до крајот на наредниот месец
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.