МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици
Дескоска за Журнал: Обештетување за Сопот ќе има, извршната власт подалеку од судскат..
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот од Преспа е мртов, нашите пратеници нема да ги поддржат уставни..
Македонија официјално ги почнува претпристапните разговори за членство во НАТО
Култура
Н. Електро-акустичен концерт на Џијан Емин, Македонската филхармонија и ЗЏМ

Н. Електро-акустичен концерт на Џијан Емин, Македонската филхармонија и ЗЏМ

четврток, 05 април 2018, 11:54ч.   |   Z.H.

Македонската филхармонија и Здружението на џез-уметници на Македонија, на 12 април (четврток) во 20 часот, ќе реализира Електро-акустичен концерт на Џијан Емин. На концертот ќе биде изведена нова, авторска музика на македонскиот композитор, аранжер и инструменталист Џијан Емин, која ќе ја изведат околу 40 музичари, членови на Македонската филхармонија, додека еден дел ќе биде составен од најактивните џез-музичари во Македонија. 
Насловот на концертот на некој начин го објаснува и самиот концепт на концертот. Како што вели Џијан Емин, тој му дава одредена очекувана естетика која можеби веќе создава и одредена музичка слика кај слушателите. „Кај мене, пак, се јавува простор за послободно музичко изразување и желба за музика која се создава во самиот момент на случувањето, користејќи ја моќта на организираната импровизација. Секако за терминот електронски да биде оправдан, ќе се користат благодетите на модерната технологија, но овој пат на неконвеционален начин со директно аплицирање на оркестарските подгрупи и солистите со чиј процес ќе добиеме нови звучни слики и текстури“, вели Емин.

 

© ЖУРНАЛ    ~148,50

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Почнува третиот фестивал на дебитантски филм „Киненова"
Во Кичево изложба на керамички изработки
Поп и фолк ѕвезди на „Звуците на културата“ во Ѓорче
Духовите на Африка во Музејот на Македонија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.