МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието
Ципрас му честита на Заев за гласањето
Пратениците на СДСМ се откажаа од дискусија, се очекува гласање
Во „Монструм" било пукано со две пушки и пиштол
Колумни
Лебескинд да реши за Скопје 2014 п.н.е

Лебескинд да реши за Скопје 2014 п.н.е

недела, 29 април 2018, 21:35ч.   |   B.M.

Споменикот на Александар Велики во Скопје нема да се урива, категоричен беше премиерот Зоран Заев во интервјуто за ТВ 24 Вести.

Убаво, но јас не гледам никаква разлика меѓу идејната основа на решението на бившиот премиер да го гради споменикот и решението на сегашниот премиер да не го урива.

Работата е во тоа да најдеме начини да се одлепиме од ваквите еднолични политички практики со општи естетски, културолошки и други импликации.

Само така можеме да ги зголемиме шансите да се извадиме од бaлкaнската кал.
Тоа што Грција не инсистира да го демонтираме срамот, не оди во прилог на царот и на решението на Заев, туку во прилог на нашата одговорност, на потребата ние да се соочиме со себе и со своите глупости.

Оти, на едно објективно, дистанцирано ниво на светската, би рекол, естетика, неспорно е дека таа „накупина” од бронза и мермер е неподнослива манифестација на македонската глупост.

Кој е Заев да реши да не се урива Александар!?

Јас мислам дека неговото решение не е од естетска природа, туку од политичка: тој мисли дека нормалниот дел од општеството полесно ќе го прифати останувањето на Коњот со воин, отколку што примитивниот дел на вмронските хистерици, ќе го прифати уривањето. Спасот на Александар, со други зборови, е аспект на политиката на Заев за некаква форма на национално помирување.

Но, истата логика би можела да го дефинира и спасот на Груевски и на целата вмровска врхушка, не гледам суштинска разлика во пристапот во сферата на естетиката и потенцијалниот пристап во сферата на правото, макар што сите знаеме дека Заев постојано нагласува дека не сака да се меша во правосудството.

Тоа се, односно, би можеле да бидат непринципиелни и опасни интервенции, опасни и за самата идеја за националното помирување. Независно од тоа што јас мислам дека идејата е сама по себе патетична будалаштина, всушност, автопат кој една нација ја води директно на гробиштата на историјата.

Да не зборуваме за тоа дека во Заев се делегирани очекувањата на оној дел од општеството што се бореше против Груевски и сте манифестации на тој ригиден популизам, со Триумфекалната арка и споменикот на Александар, како најбесрамни изрази.

И затоа мислам дека треба да се оди на дистанца на внатрешниот фактор во решавањето за некои идејни прашања околу кои општеството е поделено. Во случајот со Александар, тоа би можело да се постигне со јавна покана до неколку светски атхитектонски и урбанистички канцеларии Нека дадат свои идејни решенија за Скопје 2014: што да се урива, што да се преобликува, што да остане во сегашниот формат за да сведочи за тоа што се може да и се случи на една нација кога ќе си дозволи да полуди. И во тие рамки, што да се прави со Д Грејт Шитот! Лебескинд е мој фаворит, но, боже мој, сите имаме свои фаворити. Со пресметки и рокови. Комисија од тројца референтни светски стручњаци би го одбрала победникот. Составот, пак, на комисијата би се вадел од барабан или од кристални чаши, како во ФИФА, на јавно извлекување.

Македонските инстанци би биле вклучени во проектот во фазата на обезбедувањето на средства и на утврдување на односот на домашната градежна индустрија и оператива кои би учествувале во реконструкцијата и рехабилитација на централното градско подрачје.

Тоа е.

© ЖУРНАЛ    ~107,37

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
Мојата обврска да апстинирам
Мажоретките на ВМРО-ДПМНЕ
Мицко ташаклијата васељенски
Пред дестабилизација!
Омраза
Зошто ќе гласам позитивно?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.