Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Репортери без граници: Македонија на 109 место според слободата на медиумите, последна во регионот

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ
Катимерини: Заев и Ципрас ќе разговараат за склучување меѓународен договор
Заев: Со Хоџа одлучивме да се повлече откако го слушнавме народот и опозицијата
Османи: Историската мисија за обединета Европа е нашата стратешка цел

Македонија

Репортери без граници: Македонија на 109 место според слободата на медиумите, последна во регионот
19122017192651_web_-.jpg

Македонија е рангирана на 109-то место во најновиот Извештај за слобода на медиумите на Репортери без граници, што е напредок за две места во споредба со минатата година кога беше на 111-та позиција. Сепак, земјава е најслабо рангирана во споредба со земјите од регионот. Најслободни медиуми има во Словенија која е на 32. место, Босна и Херцеговина е 62., Хрватска 68, Грција 74, Албанија е 75, Србија 76, Косово 78, Црна Гора 103-та, а Бугарија е на 111. место.

Во делот на извештајот кој се однесува на Македонија се вели дека „систематските напади на слободата на медиумите била констатна појава за време на децениското владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кое конечно заврши со изборот на новата влада во јуни 2017 година“.

„За време на десетгодишното владеење, Груевски воспостави ниво на контрола врз медиумите што не можеше да се спореди со ниедна друга балканска земја, а многу опозициски медиуми мораа да згаснат“, е заклучокот на Репортери без граници кои оценуваат дека Јавниот радио-телевизиски сервис „сè уште е во служба на ВМРО-ДПМНЕ“. Во извештајот се додава дека „падот на режимот на Груевски доведе до намалување на владината контрола врз медиумите, но се уште е рано со сигурност да се оценат владините намери да создаде трајно подобрување на ситуацијата. Нема значителни промени во економската ситуација на новинарите во Македонија кои се слабо платени, а работните места не им се сигурни“.

Во светот најслободни медиуми има во Норвешка, Шведска и Холандија, а слободата на медиумите е најзагрозена во Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја. Слободата на медиумите во светот е намалена во текот на минатата година, а омразата кон новинарите се засилува во Европа и во САД, што е закана за демократијата, се наведува во годишниот извештај на невладината организација. Според Репортери без граници, слободата на медиумите во 21 држава е класифицирана како „многу сериозна“.

Четири европски земји бележат најлоши резултати минатата година, додека САД бележат пад од две места и се на 45 место од 180 држави.

 25.04.2018, 09:34  | Xh.I. | 87

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10577
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.