МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ОЈО: Дел од обвинетите од „27 април" организирани и со фантомки влегле во Собранието
Заев-Галовеј: Потврдена поддршката од Обединетото Кралство за спроведувањето на пресп..
ОЈО: На „27 април“ полицајците се повлекле, а обвинетите организирани и со фантомки в..
Димитров до Палмер: Македонските граѓани својата иднина ја гледаат во евро-атлантскот..
Македонија
Кривична пријава против Кирил Божиновски за исплата на 22.000 евра

Кривична пријава против Кирил Божиновски за исплата на 22.000 евра

среда, 25 април 2018, 16:41ч.   |   Xh.I.

Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за економски и компјутерски криминал, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против К.Б. (37) од Скопје и Х.Д. (44) од с. Пиперово, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“, со што е нанесена штета на буџетот на РМ во висина од 1.352.400 денари.

Според информациите од полицијата, документираните сознанија на извршување на кривичното дело, во текот на 2016 година, му претходело склучување на авторски договор помеѓу Г.Д., застапуван од Агенцијата за интелектуална сопственост АРТПИЦК Скопје и Владата на Република Македонија, во тоа време застапувана од К.Б. тогашен генерален секретар на Владата на РМ. Со тој договор Г.Д., на барање на Владата – Генерален секретеријат, се обврзал во периодот од 28.01. до 28.02. 2016 година, лично да изработи и достави авторско дело „Интелектуален труд – прибирање на информации и податоци, анализа, изготвување извештај и негово елаборирање за енергетски суровини од аспект на правната легислатива“. Вредноста на склучениот договор била проценета со бруто износ од 1.352.400 денари, буџетски средства кои требале да му се исплатат на Г.Д. откако во предвидениот рок ќе го достави авторското дело до нарачателот – Влада на Република Македонија, Генерален секретеријат.

Второпријавениот, пак, Х.Д. во својство на Заменик на министерот за економија, иако знаел дека Г.Д. не ги испочитувал договорените услови и рокови и не го доставил авторското дело за кое бил склучен договор, на 05.04.2017 година потпишал лажна изјава за завршена работа согласно барањата и договорните услови. Додека К.Б. во својство на Генерален секретар на Владата потпишал и издал наредба од буџетската сметка на Република Македонија на сметката на Г.Д. да се исплатат парични средства во вкупен износ од 1.200.000 денари без ДДВ со што на лицето му овозможиле противправна имотна корист и на тој начин го оштетиле Буџетот на Република Македонија за паричен износ од 1.352.400 денари.

© ЖУРНАЛ    ~130,44

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.