МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ОЈО: Дел од обвинетите од „27 април" организирани и со фантомки влегле во Собранието
Заев-Галовеј: Потврдена поддршката од Обединетото Кралство за спроведувањето на пресп..
ОЈО: На „27 април“ полицајците се повлекле, а обвинетите организирани и со фантомки в..
Димитров до Палмер: Македонските граѓани својата иднина ја гледаат во евро-атлантскот..
Македонија
Нова средба за името во Виена, опсегот останува најспорен

Нова средба за името во Виена, опсегот останува најспорен

среда, 25 април 2018, 12:36ч.   |   Xh.I.

Опсегот на употребата на името и грчкото барање за уставни измени се најтешки точки пред денешната средба во Виена меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција со посредникот на ОН Метју Нимиц.

Попладне во Виена министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се сретнат со посредникот во спорот за името Метју Нимиц. Што конкретно ќе се разговара на средбата во австрискиот главен град официјално не се знае, но 24 часа пред средбата стигнаа различни оценки за времето во кое може да се реши спорот.

Прво еврокомесарот за проширување Јоханес Хан рече дека е оптимист оти во следните две недели ќе биде најдено решение или барем решение што ќе го отвори патот за почнување на пристапните преговори со ЕУ.

Но, неколку часа подоцна, премиерот Зоран Заев рече дека две недели се прекраток рок за решение, споменувајќи ја денешната средба во Виена.

„Знам од прилика како ќе се разговара и до каде очекуваме да завршиме”, рече премиерот без да открива детали.

Ако се земе предвид, пак, неговата изјава дадена пред десетина дена на брифингот со новинарите во однос на спорот за името „не е решен опсегот и не е решено името за меѓународна употреба”.

Опсегот на употреба најспорно прашање

Грција од друга страна, според изјавите на официјалните претставници, не отстапува од барањето името да биде за целосна употреба, што подразбира и промена на Уставот. Коѕијас во минатата недела нагласи дека идентитетот е прашање на самоопределување, за националноста ќе се користи новото име, односно во пасошите би стоело државјанин на името за кое што ќе постои договор. Тој категорично ја отфрли можноста за постигнување договор без промени на Уставот и ерга омнес.

И универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски го споменува грчкото барање за ерга омнес употреба како важно останато прашање за кое, како што вели, е потребна политичка волја и дипломатска умешност.

„И таму ако најдат решение со вградување на временска клаузула во договорот, тоа да не биде веднаш, туку при влегувањето на Македонија во Европската унија, кога ќе се отвора Уставот и така поради членот 118 кој значи директна примена на европското законодавство во правниот поредок, тој момент да се искористи и за насловот на Уставот, што мислам дека таквото решение е можно и реално да биде изведливо тука“, вели Фрчкоски.

Последната средба на Димитров и Коѕијас беше на 12 месецов во Охрид. Како што соопштија по состанокот, разговарале за првпат за временската рамка и за чекорите, за кои ако се постигне решение, како тоа ќе изгледало и како ќе се имплементирало. Заклучокот тогаш беше дека останале уште неколку спорни, но најтешки точки.

Во Виена повторно по речиси еден месец

На охридската рунда разговори и претходеше и состанок со посредникот Нимиц, исто така во Виена, по кој тој оцени дека има напредок, но и потешкотии кои треба да се надминат.

По овој најнов денешен состанок се очекува двајцата министри да се сретнат во Солун во почетокот на мај. Очекувањата и на премиерот Зоран Заев и на европската претставничка Федерика Могерини која во минатата недела беше во Скопје се дека е можно решение на спорот до јуни, односно до самитот на Европската унија на кој треба да се одлучува за датумот за почеток на преговорите за зачленување на Македонија./РСЕ

© ЖУРНАЛ    ~112,38

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.