Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Заев: Заедно да сработиме и за датум за преговори со ЕУ во јуни

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ
Катимерини: Заев и Ципрас ќе разговараат за склучување меѓународен договор
Заев: Со Хоџа одлучивме да се повлече откако го слушнавме народот и опозицијата
Османи: Историската мисија за обединета Европа е нашата стратешка цел

Македонија

Заев: Заедно да сработиме и за датум за преговори со ЕУ во јуни
zaev-zbogar.jpg

Се израдувавме на чистата препорака, но истовремено ги примивме пораките од Извештајот на ЕК. Ја продолжуваме и интензивираме реформската динамика. Во Владата веќе се поставуваат контурите на реформскиот План 18, што се однесува на имплементација на усвоените реформски закони. Ќе го дефинираме заедно, во консултации со Европската комисија и со сите релевантни и општествени политички фактори. Ќе работиме како и до сега, заедно со сите.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која евроамбасадорот Самуел Жбогар го претстави извештајот, а присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, американскиот аналитичар и поранешен висок дипломат Даниел Сервер, претставници на Владата, МАНУ, граѓански организации.
Со досегашните напори, нагласи Заев, успеавме да ја убедиме Европската комисија дека заслужуваме почеток на претпристапните преговори, а сега треба да ги убедиме и државите членки на ЕУ дека заслужуваме почеток на преговорите за членство и дека сме подготвени да фатиме чекор со државите од регионот кои веќе преговараат.

– Сакам да најавам дека до донесувањето на одлуките за почеток на преговорите на Европскиот совет во јуни, ќе работиме интензивно и на подготовките за воспоставување преговарачка структура, која, во име на државата, ќе ги подготви и води преговорите со ЕУ за членство. Со овој чекор, демонстрираме сериозна намера и конкретна подготвеност за почеток на преговорите, со квалитетна преговарачка структура. За оваа задача ќе ни требаат најдобрите луѓе од институциите, но исто така и најдобрите луѓе во државата и целото општество. Овде не смееме да имаме никакви поделби, ниту пак предрасуди, рече Заев и најави дека очекува датумот за преговори да го добиеме во јуни.

Според него, датумот за почеток на преговорите со ЕУ ќе ги отвори први најтешките теми – правосудство и владеење на правото, заштита на човековите права, борба против криминал и корупција, реформи во јавната администрација, реформи на безбедносните служби, реформи во социо-економскиот систем, успешна регионална економска соработка.

– Затоа, ракавите веќе да ги засукаме. Не чека полни раце работа, сите, порача Заев.

Евроамбасадорот Жбогар истакна дека Македонија ја заслужи безусловената препорака, но нагласи дека ја очекува многу работа и порача дека обединета земјата полесно ќе се справи со предизвиците пред неа.

– Препораката од Стратегиојата како и од извештајот е кристално јасна, процесот на евроинтеграција не е техничка работа на штиклирање на задачите. Се работи за прифаќање и споделување на европските основни вредности. Потребно е да се одржат и продлабочат реформите. Одлуката за отпочнување на преговорите бара едногласно решение од сите 28 земји членки, рече Жбогар и упати охрабрување за продолжување на преговорите за името.

Пратениците од владеачкото мнозинство и од опозицијата изнесоа различни гледишта за извештајот.
За ВМРО-ДПМНЕ ова не е прв позитивен Извештај на ЕК за Македонија, а земјата и во времето на нивното владеење постигнала напредок во реформите во полицијата, судството, основните човекови права. Укажаа и на нотираните слабости во реформскиот процес.

– Денес благодарение на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Македонија го изгради потребниот капацитет и е подготвена да започне преговори за членство со ЕУ. Наместо да продолжат по нашиот пат, денес ние ја имаме обратната слика. СДСМ ветуваше дека РМ ќе ја внесат во ЕУ и НАТО само за шест месеци од доаѓањето на власт. Но сега сме сведоци на растечка корупција наведени и во Извештајот. РМ е најкорумпирана земја во Европа, а тоа е нотирано и од Транспанси интернешнл, рече меѓу другото, Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ

Според СДСМ, пак, овој исклучително позитивен извештај потврдува дека Македонија се врати на европскиот пат и од земја во длабока политичка криза стана држава во која постои јасна политичка волја за напредок. За ова придонес имаше и опозицијата која покажа конструктивност и соработуваше за клучните реформски закони.

– Опозицијата е во право кога вели дека претходно сме имале позитивни извештаи од ЕК, но со лошо владеење и непромислени политики наместо да одиме напред, за десет години ние се вративме десетина, ако не и повеќе години назад и подалеку од ЕУ… Овој Извештај ни е втора шасна, но верувам и последна ако навистина сакаме да си ја зачуваме државата, затоа што Македонија веќе нема време за чекање и губење. Моите, напите деца, целата младина упорно е со една нога надвор од државата. Ова им го должиме на нашите деца кои предолго беа заробени во безперскептивност, рече координаторот на СДСМ Томислав Тунтев.
На седницата свои обраќања имаше и експертот за Балканот и професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ од Вашингтон како и претставниците на политичките парти застапени во Парламентот.

 24.04.2018, 16:15  | Xh.I. | 45

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

9573
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.