МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ОЈО: Дел од обвинетите од „27 април" организирани и со фантомки влегле во Собранието
Заев-Галовеј: Потврдена поддршката од Обединетото Кралство за спроведувањето на пресп..
ОЈО: На „27 април“ полицајците се повлекле, а обвинетите организирани и со фантомки в..
Димитров до Палмер: Македонските граѓани својата иднина ја гледаат во евро-атлантскот..
Македонија
Студентските домови должат пет милиони евра

Студентските домови должат пет милиони евра

вторник, 24 април 2018, 13:27ч.   |   Xh.I.

Состојбите во студентските и ученичките домови, односно подобрување на исхраната и условите во студентските домовите, планот за намалување и санирање на долговите со кои се соочуваат и кои во овој момент изнесуваат околу пет милиони евра, се дел од темите за кои разговарала министерката за образование и наука Рената Дескоска со Дарио Николовски, директорот на Државниот студентски дом „Скопје“, како и со претставниците на студентските и ученичките домови во Македонија.

Фокусот, како што соопшти МОН, бил ставен на финансирањето на студентските и ученичките домови и можните решенија за надминување на проблемите.

Дескоска ги задолжила присутните да изготват детална анализа со точно лоцирање на проблемите со кои се соочуваат студентските и ученичките домови, која ќе содржи и предлози за подобрување и подигнување на квалитетот на живот на студентите и на учениците.

На средбата Дескоска ги информирала за претстојните измени и дополнувања на Законот за студентскиот стандард и Законот за ученичкиот стандард, со кои се очекува да се подобри квалитетот на живот, а во кој е уредено сместувањето на студентите и учениците, исхраната, школарината и стипендиите, како и задоволување на работните, културните, информативните и спортско-рекреативните потреби на студентите и учениците.

© ЖУРНАЛ    ~72,24

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.