Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Ерменија во сѐ подлабока политичка криза

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Свет

Ерменија во сѐ подлабока политичка криза
43485411_303.jpg

 Веќе десет дена, владините противници во Ерменија секојдневно протестираат. Тие бараат оставка на премиерот, кого го обвинуваат за сиромаштијата, корупција и огромното влијание на олигарсите во кавкаската држава.

Ерменија, по повеќедневните протести влегува во сѐ подлабока криза. Лидерот на опозицијата, Никол Пашињан, вчера, пред вклучени камери, размени жестоки зборови со контроверзниот шеф на владата, Серж Саркисјан, и го повика да поднесе оставка. Саркисјан потоа ја прекина средбата, а Пашињан, како што соопшти обвинителството, беше уапсен,. Десетици илјади владини противници протестираа во главниот град Ереван.
 
Пашињан и двајца други пратеници од опозицијата биле „уапсени откако извршиле опасни дејства врз општеството", рече обвинителството. Тие „постојано грубо го прекршувале законот за демонстрации со организирање митинзи и нелегални состаноци, повикувајќи на улични блокади и попречување на јавните објекти."
Претходно, полицијата соопшти дека Пашињан ги предводел вчерашните демонстрации, иако постојано бил повикуван „да ги сопре нелегалните митинзи". Кога собирот бил распuштен, Пашињан и двајца други опозициски пратеници, според полицијата биле „присилно приведени" од страна на полициските службеници, но не и уапсени.
Контроверзниот премиер на Ерменија, Серж Саркисјан ја прекина средбата со Пашињан пред телевизиските камери по само неколку минути откако, лидерот на опозицијата побара оставка од него.
 
„Вие не ја разбирате ситуацијата во Ерменија, власта е сега во рацете на народот“, му порача Пашињан на премиерот. Саркисјан пак го обвини лидерот на опозицијата за уцена и по кратка размена на жестоки зборови ја напушти средбата.
Протестите против Саркијан, кој е поддржан од Кремљ, траат веќе една и пол недела. 63-годишниот политичар се повлече од претседателската функција на почетокот на април, по два мандати. Во вторникот минатата недела меѓутоа беше избран за нов премиер, чин кој беше проследен од масовни протести во Ереван.
 
Контроверзната уставна реформа, одобрена со референдум во декември 2015 година и сега во сила, значително ја унапреди позицијата на премиерот. Вистинската политичка моќ лежи кај Саркисјан. Спротивно на тоа, шефот на државата сега има претежно репрезентативни задачи./DW
 23.04.2018, 16:00  | Z.H. | 57

 

© ZURNAL.mk

 Свет 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

24077
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.