Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Пентагон: Сириската Влада има капацитет за ограничени хемиски напади

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ
Катимерини: Заев и Ципрас ќе разговараат за склучување меѓународен договор
Заев: Со Хоџа одлучивме да се повлече откако го слушнавме народот и опозицијата
Османи: Историската мисија за обединета Европа е нашата стратешка цел

Свет

Пентагон: Сириската Влада има капацитет за ограничени хемиски напади
napad-sirija1-1-777x437.jpg

 Пентагон тврди дека иако не постојат знаци дека сириската Влада е подготвена да изведе напад со хемиско оружје, таа и понатаму има можност да изведе „ограничени напади во иднина“.

 
– Тие ќе имаат можност да изведат ограничени напади во иднина, не би го исклучил тоа. Сепак, додека ја разгледуваат динамиката за изведување на такви напади, мора да гледаат преку рамо и да да се загрижат дали ги набљудуваме и оти ќе имаме можност повторно да ги нападнеме, доколку тоа биде неопходнио, изјави директорот на Генералштабот на здружените вооружени сили на САД, генерал полковник Кенет Мекензи.
 
Портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт наведе дека не се пријавени цивилни жртви во минатонеделните ракетни напади, кои САД ги изведоа заедно со Франција и Велика Британија.
 
Во меѓувреме, портпаролката на руското МНР Марија Захарова изјави дека контејнери со хлор од Германија и чадни бомби од британскиот град Солсбери пронајдени се во сириска Источна Гута.
 
– Силите на сириската Влада пронајдоа контејнери со хлор, најсмртоносно хемиско оружје, од Германија, заедно со чадни бомби, произведени во градот, погодете кој, Солсбери во Велика Британија, посочи Захарова.
 
САД, Франција и Велика Британија на 14 април извршија воздушни напади врз сириски хемиски постројки поради наводен напад на сириската армија со хемиско оружје во Дума на 7 април.
 20.04.2018, 16:41  | Z.H. | 42

 

© ZURNAL.mk

 Свет 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10530
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.