Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Орбан го избрка Сорос: Фондацијата се сели од Будимпешта во Берлин

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ
Катимерини: Заев и Ципрас ќе разговараат за склучување меѓународен договор
Заев: Со Хоџа одлучивме да се повлече откако го слушнавме народот и опозицијата
Османи: Историската мисија за обединета Европа е нашата стратешка цел

Свет

Орбан го избрка Сорос: Фондацијата се сели од Будимпешта во Берлин
lto7j-orban-go-izbrka-soros-ungarija.jpg
Фондацијата на отворено општество на американскиот милијардер Џорџ Сорос ќе ги затвори своите канцеларии во Будимпешта и ќе ги пресели своите источноевропски операции во Берлин.
 
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвинува Сорос, кој што инаку е роден во Унгарија, за „многу зла“ и се залага за законот „Стоп Сорос“ со кој што се забранува работата на невладината организација на милијардерот.
 
Унгарските медиуми пренесуваат дека канцеларијата на Фондацијата на Џорџ Сорос во унгарскиот главен град Будимпешта ќе биде затворена на 31-ви август и најпрвин седиштето ќе биде префрлено во Виена, а подоцна во Берлин
Портпаролот на партијата „Фидес“ која што неодамна убедливо победи на парламентарните избори во Унгарија, најави дека меѓу првите закони кои што наскоро ќе бидат усвоени во унгарскиот парламент би можел да се најде и законот со кој што на владата ќе ѝ биде овозможено да ги забрани невладините организации кои што ја поддржуваат миграцијата и претставуваат „ризик по националната безбедност“ на Унгарија.
 
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, нацртот на тој закон го поднесе во парламентот уште во февруари, па наскоро истиот треба да биде изгласан и да стапи во сила.
Споменатиот закон исто така ќе овозможи странските донации за невладините организации кои што поддржуваат пристигнување на мигранти во Унгарија, во иднина да бидат оданочувани со 25%.
 
 20.04.2018, 12:36  | Z.H. | 54

 

© ZURNAL.mk

 Свет 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

9629
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.