МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици
Дескоска за Журнал: Обештетување за Сопот ќе има, извршната власт подалеку од судскат..
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот од Преспа е мртов, нашите пратеници нема да ги поддржат уставни..
Македонија официјално ги почнува претпристапните разговори за членство во НАТО
Здравје
Природен третман на покачен холестерол и триглицериди

Природен третман на покачен холестерол и триглицериди

четврток, 19 април 2018, 12:34ч.   |   Xh.I.

Тема: Природен третман на покачен холестерол и триглицериди

M-р по фармација Филип Ачкоски

1.    Што се хиперлипидемии, како настануваат

О: Хиперлипидемијата е  дефинирана како покачена, концентрација на мастите во крвта. При тоа обично дискутираме за покачени нивоа на холестерол и/или покачени нивоа на триглицериди.
Холестеролот е липид кој што се синтетизира во црниот дроб, но  го внесуваме и со исхрана со производи од животинско потекло. Тој е одговорен за изградба на ѕидот на клетката, а истовремено и во синтетизирање на одредени хормони (полови) и витамин Д.

Триглицеридите имаат улога да обезбедуваат енергија од храната која што ја внесуваме преку калории во вид на јаглехидрати, масти и протеини. Вишокот од овие калории што нема да ги искористи организмот се складираат во форма на триглицериди во масните клетки во телото, во случај да му бидат потребни подоцна, при дефицит на храна.
Еден од факторите за развој на хиперлипидемијата е неправилната исхрана т.е исхрана богата со масти посебно од животинско потекло, а сиромашна со овошје, зеленчук и интегрални житарици. Неправилната исхрана, физичката неактивност и дебелината се главните виновници за  хиперлипидемијата.

Нормалните вредности за мастите во нашиот организам се следни :
 - вкупен холестерол (< 5.0 mmol/l)
 - LDL холестерол (< 3.0 mmol/lit)
- HDL холестерол ( >1.0 mmol/lit)
- триглицериди (<1,7 mmol/lit)

2.    Kои се последиците од покачени нивоа на холестерол и триглицериди

Многу е важно да се одржуваат нормални нивоа на холестерол и триглицериди во крвта бидејќи се ризик фактори за атеросклероза. Атеросклерозата е појава индицирана од вишок на холестерол во крвта при што се формираат плаки, кои ги затнуваат артериите и го спречуваат нормалниот проток на крвта низ организмот што го зголемува ризикот од покачен крвен притисиок, срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања. Се смета дека главен причинител за  атеросклерозата е лошиот ЛДЛ холестерол.

3.На која возраст обично доаѓа до покачување на холестеролот и колку често се јавува покачен холестерол кај помладата популација?

Традиционално се смета дека најголем ризик за покачен холестерол и КВ заболувања имаат:
-    Мажи над 40 год.
-    Жени над 50год (пост менопауза)- поради намалени естрогени хормони
Сепак современиот човек живее динамично, со брзо темпо, консумира нездрава храна и прекумерни количини на алкохол и е подложен на стрес на секој чекор. На ова треба да се додаде и седечкиот начин на живот и слабата физичка активност кои водат до намален метаболизам и прекумерна тежина. За жал денес уште од раната детска возраст сме врзани за компјутер и мобилни телефони и благодарение на сите овие фактори ја нарушуваме општата здравствена состојба уште како млади луѓе и придонесуваме кардиоваскуларни заболувања да се јават уште пред 40 –та година од животот, нешто што не беше замисливо до пред 30-на години.

4. Какви се современите смерници за третман на хиперлипидемии?

Според најновите препораки на европското кардиолошко здружение ЛДЛ холестеролот е најважен параметар кој се следи. За секој пациент се прави соодветна проценка на кардиоваскуларниот ризик во кој се вклучуваат податоци добиени од анамнезата:
-    Дали пациентот има прекумерна тежина
-    Дали пациентот е пушач
-    Дали има историја на КВ заболувања и инфаркт во семејството
-    Дали пациентот е дијабетичар итн.
Соодветно на проценката имаме: пациенти со низок, среден, висок и многу висок ризик па според тоа и се поставуваат целните вредности на ЛДЛ холестеролот. Така за пациентите со низок и среден КВ ризик целна вредност за ЛДЛ холестеролот е 3,0 за оние со висок ризик 2,6 а за оние со многу висок ризик 1,8. Соодветно на тоа кај пациентите со низок и среден КВ ризик се препорачуват промена на животниот стил и примена на соддветни додатоци во исхраната  а кај оние со висок и многу висок ризик покрај промените во животниот стил се препорачува и соодветна фармаколошка терапија.
•    Минимално треба 2 мерења пред да се донесе одлука за терапија (помеѓу двете мерења да има 1 до 12 недели)
•    Контрола на липидите треба да се направи 8 недели по започнување на терапијата или зголемување на дозата
•    По постигнување на целните вредности, контрола еднаш годишно
5. Какви промени во животниот стил се препорачуваат за да се намали нивото на масти во крвта?
Во третманот на хиперлипидемија првиот чекор е диета или уште подобро, промена на начинот на живот и навиките во исхраната. За почеток е важно во секојдневните навики да се воведе физичка активност, најмалку 30 минути секој ден, да се контролира тежината и да се престане со пушење цигари.
Храната треба да се состои од трите главни групи храна (протеини, масти и јаглехидрати).
Мастите треба да не надминуваат 30 отсто од вкупниот влез на енергија во текот на денот, а холестерол да не е повеќе од 300 mg на ден.
Ако имате зголемено ниво на ЛДЛ-холестерол, треба да консумирате:
    Интегрални жита, овесен или ‘ржан леб;
    Млечни производи со 1 отсто масти;
    Бистра супа со месо, зеленчук или риба;
    Сите видови бела и сина риба-Омега 3;
    Пилешко и мисиркино месо без кожа, варено посно говедско месо;
    Маслиново масло;
    Сите видови варен или суров зеленчук;
    Свежо овошје и конзервирано, но незасладено овошје;
    Природни овошни сокови, вода, чај;
Треба да се избегнуваат следниве продукти:
    Бел леб, лиснато тесто;
    Полномасно млеко и млечни производи (павлака, сирење, итн.);
    Свинско месо и сушени свински производи (колбаси, сланина);
    Путер, свинска маст, маргарин;
    Пржен зеленчук (помфрит, чипс);
    Колачи со путер и маргарин, торти со кремови.
Малите количества алкохол, особено црвено вино (1-2 дл/ден) има позитивни ефекти, бидејќи го зголемува нивото на корисниот HDL-холестерол, па со тоа го намалува и ризикот од добивање на кардиоваскуларни болести. Континуираното земање на големи количини на алкохолни пијалаци делува многу негативно, бидејќи тоа го поттикнува зголемувањето на нивото на триглицериди, води кон забрзана артериосклероза и го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Во секој случај се препорачува диетата да биде комбинирана со природни препарати- т.н. додатоци во исхрана кои успешно го регулираат холестеролот и триглицеридите.

6. Ги споменавте додатоците во исхраната за намалување на холестерол и триглицериди. Кои додатоци во исхраната се препорачуваат, кога се користат и како делуваат?
Додатоците во исхраната се природни препарати со кои мошне успешно може да се регулираат мастите во крвта, бидејќи делуваат со ист или многу сличен механизам како и синтетичките лекови а притоа немаат несакани дејства. Еден од нив е Монаколин К (природен статин) кој се наоѓа во црвениот ориз. Преку клинички студии е утврдена неговата ефикасност во намалувањето на триглицеридите и холестеролот во крвта после 4-8 неделна примена. Испитувањата покажеле намалување на вредостите на LDL , триглицеридите и вкупниот холестерол за 20-33 %. Затоа,црвениот ориз т.е неговиот екстракт кој го содржи монаколин К е признат од Европското Кардиолошко Друштво и е вклучен во Смерниците за лекување на хиперлипидемија на темел на докажана ефикасност.
Артичоката во народната медицина од дамнешни времиња се користи со цел да се поттикне работата на црниот дроб, односно за лачење на жолчка која ги преработува мастите кои ги внесуваме со исхраната. Артичоката го намалува покачениот холестерол, на тој начин што го намалува нивото на лошиот LDL холестерол а го зголемува „добриот“ HDL холестерол. Ова е резултат на нејзиното холеретично делување односно преку зголемено лачење на жолчка, поради што црниот дроб е во состојба засилено да го претвора холестеролот во жолчни киселини. За разлика од статините артичоката не ја намалува синтезата на холестерол туку само ја зголемува неговата разградба. На овој начин организмот се справува со вишокот на холестерол, а се намалува и нивото на триглицеридите.

Додатоци во исхраната на база на комбинација од црвен ориз и артичока се препорачуваат кај пациенти со покачен холестерол и ТГ кои имаат низок и среден КВ ризик како почетна терапија. Покрај тоа се препорачуваат кај пациенти кои од различни причини не поднесуваат статини или пациенти кои бараат природни решенија за  покачен холестерол и ТГ.
 

© ЖУРНАЛ    ~711,245

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Како старее човечкиот организам?
Истражување: Прекумерна употреба на Бруфен предизвикува губење на слухот кај жените
МЗ: Нема опасност од појава на „мајмунски сипаници“
Абортус ќе може да се изврши и со таблети
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.