МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ОЈО: Дел од обвинетите од „27 април" организирани и со фантомки влегле во Собранието
Заев-Галовеј: Потврдена поддршката од Обединетото Кралство за спроведувањето на пресп..
ОЈО: На „27 април“ полицајците се повлекле, а обвинетите организирани и со фантомки в..
Димитров до Палмер: Македонските граѓани својата иднина ја гледаат во евро-атлантскот..
Xроника
Изгоре автомобил, 3-годишно дете спасено во последен момент

Изгоре автомобил, 3-годишно дете спасено во последен момент

вторник, 17 април 2018, 12:38ч.   |   Z.H.

 Вчера вечер околу 18 часот во Тетово на улицата „Илинденска“ на паркинг избувнал пожар во патничко моторно возило „Ауди А-3“ со тетовски регистерски таблици сопственост на А.Н. (42) од село Ларце – Желино.

 
Возачот А.Н. го паркирал возилото и го оставил да работи, со цел на кратко да влезе во блискиот сервис, а во возилото останало неговото тригодишно дете. Во еден момент, од возилото почнал да излегува чад од задниот дел и сопственикот веднаш се вратил и го извлекол детето.
 
Пожарот за кратко се проширил во целото возило и тоа целосно изгорело освен делот кај моторот, кој бил делумно изгорен. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијална противпожарна единица–Тетово.
Причинета била материјална штета од околу 240.000 денари. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на настанот.

© ЖУРНАЛ    ~105,35

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
ВИДЕО: Страотни снимки од БМВ-то кое удри во столб под стоковна куќа „Мост
Возило удри во жена на „Партизанска“
23-годишно момче пронајдено мртво во хотел кај Качанички пат
Ограбена обложувачница во Маџари, вработената го испланирала грабежот
Четири лица уапсени на аеродромот во Охрид
Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Циментара
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.