МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Груби до пратениците: Не се кријте зад народот и не мислите на следните избори
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент
Костадинов: Со иницијатива до Уставен, бранителите на Груевски сакаат да го спасат од..
Томе Аџиев на распит во СЈО за случајот „Моќник“
Спорт
Мурињо ги смирува фановите на Манчестер јунајтед: Знам како да победувам, следната сеонза ќе биде поинаква

Мурињо ги смирува фановите на Манчестер јунајтед: Знам како да победувам, следната сеонза ќе биде поинаква

понеделник, 16 април 2018, 12:33ч.   |   Xh.I.

Откако „Црвените ѓаволи" му ја подарија титулата на Манчестер Сити со пораз на Олд Трафорд од фенерџијата ВБА, Жозе Мурињо испрати порака до фановите.

Манчестер јунајтед минатото коло ја расипа шампионската прослава на Манчестер Сити откако со неверојатен кам-бек стигна до победа на Етихад од 2-3, иако по првите 45 минути губеше со 2-0 а можеше да прими и уште некој гол.

Но денеска речиси на исто толку спектакуларен начин „Гаволите“ им ја подарија титулата на „Граѓаните“ откако загубија на Олд Трафорд со 0-1 во дуелот со фенерџијата ВБА.

По крајот на мечот, Жозе Мурињо испрати порака до фановите, истакна дека тој останува правиот човек да го врати клубот на врвот и вели дека за ова е потребна конзистентност.

„Верувам во мојата работа. Нема причина зошто да не верувам. Осум титули се осум титули, три титули во Премиерлигата се три титули во Премиерлгата, и последната титула во Премиерлигата не беше пред 20 години туку пред три години. Знам како да победувам” – вели „Специјалниот“.

„Верувам во моите способности, но јас не играм, разбирате? Секако дека ви е потребен квалитет за да освојувате титули, но од големо значење е и конзистентоста и тоа конзинстентност на секое ниво. Не само перформансите, туки и психолошката подготвеноста, секојдневната работа и однесување. Се мора да биде конзистентно, од прв до последен ден. Па мора да го подобриме токму ова”.
 

© ЖУРНАЛ    ~58,20

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Објавени детали за „местенката“ ПСЖ – Звезда: На УЕФА посебно и е сомнителен еден играч!
Еуфорија кај навивачите: Зидан најави дека наскоро почнува нова работа!?
Англичаните веќе открија колкава пауза го чека Роналдо
Де Лурентис: Од песните на навивачите на Црвена ѕвезда, нашите фудбалери заспаа како бебиња
Савичевиќ: На „Маракана“ се случувале чуда, на Наполи нема да му биде лесно!
УЕФА подготвува нова казна за Црвена звезда
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.