МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Од нас на 30 септември зависи нашата иднина и на нашите деца
Ексклузивно интервју на Канал 5 со министерот за култура Асаф Адеми
Ахмети од Куманово: Граѓаните да гласаат на референдумот, Македонија нема друга алтер..
МОСТ во извештај за референдумот го критикува апелот на Заев финансиски да се мотивир..
Економија
ХЕ„Шпилје“ и „Глобочица“ со поголемо производство од планираното

ХЕ„Шпилје“ и „Глобочица“ со поголемо производство од планираното

понеделник, 16 април 2018, 11:41ч.   |   Z.H.

 Хидроцентралите „Шпиље“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, кои го сочинуваат Црнодримскиот слив, во првиот квартал од годинава забележале поголемо прозводство на електрична енергија, споредено со истиот период лани.

 
Како резултат на поволната хидрологија на ова сливно подрачје, кое го сочинуваат реките Радика и Црн Дрим, во периодот јануари-март двете електрани произвеле 193 милиони киловат часови електрична енергија,што е за околу 53 отсто повеќе од планираното.
 
– Трите турбини на ХЕ„Шпиље“ во овој извештаен период произвеле 117,3 милиони киловат часови електрична енергија, што претставува 54 отсто повеќе од планот, додека двете турбини на ХЕ„Глобочица“ 76,2 милиони квч или 52 отсто повеќе од планот – потврдуваат од ЕЛЕМ.
 
И во двете акумулации има резерва на вода за производство на по околу 30 милиони киловат часови електрична енергија. До максмалната кота во акумулацијата „Шпиље“ има уште 4,91 метари, а во акумулацијата „Глобочица“ котата е 26 сантиметри над максималната, при што има мал прелив за да се празни Охридско Езеро.
 
Поради високите температури, кои условуваат топење на снегот во планините, што го зголемува количеството вода во потоците и реките има постојан раст на дотекот на вода во споменатите акумулации. Во Шпиље просеченот дотек е над 130 додека во Глобочица над 80 кубни метри вода во секунда.
 
Како резултат на навреме и успешно реализираните ремонти и ревизии на елекромашинската опрема, двете електрани се подготвени да ја примат и преработат сета количина на вода што ќе пристигне да работат под полн капацитет.

© ЖУРНАЛ    ~90,30

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
НБРМ ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени
НБРМ: Падот на турската лира нема да се одрази врз македонската економија
Дали растот од три проценти е преоптимистичен?
ФОРДОМАНИЈА завладеа и во Македонијa
Македонецот годишно јаде под килограм сладолед, во ЕУ шест
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.