МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна подд..
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Xроника
Изминатиот викенд во Скопје 23 сообраќајки, еден загинат и 20 повредени

Изминатиот викенд во Скопје 23 сообраќајки, еден загинат и 20 повредени

понеделник, 16 април 2018, 11:37ч.   |   Z.H.

 Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 23 сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со смртни последици, две со тешки телесни повреди, 11 со лесни телесни повреди и девет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице (мотоциклист) го загубило животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 18 лица со лесни телесни повреди.

 
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 22 возачи возеле со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 65 возачи од кои: четворица – поради тоа што возеле под дејство на алкохол, 51 возач управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило а десетмина затоа што биле возачи почетници.
 
Исто така санкционирани се и 41 возач бидејќи управувале нерегистрирани возила, 18 – поради поминување на крстосница на црвено светло, потоа двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шестмина возачи се санкционирани за неправилно престројување и 18 возачи на мотор, мопед и моторцикл поради некористење на заштитен шлем. Покрај ова, санкционирани се и двајца пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин, а четворица пешаци – затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот викенд издадени се 297 мандатни платни налози, додека 129 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

© ЖУРНАЛ    ~132,44

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Дваесет и деветгодишен скопјанец го пронашол својот син мртов
Скопјанец заврши во болница: На сила го ставиле во кола, па го однеле на Камник и го претепале
Младо момче пронајдено мртво во својот дом
Трагедија во Македонија: Возило излета од патот, на лице место почина ученичка
TPAГEДИJA BO CKOПJE: Пoчинa бебе во скопски Илинден!
Исчезна девојче од Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.