Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Грција и Турција самите нека си ги решат проблемите, рече Столтенберг

Пендаровски: Грција нема да го прекрши Договорот
Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување

Регион

Грција и Турција самите нека си ги решат проблемите, рече Столтенберг
stoltenberg_6.jpg

 Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека лидерите на Турција и Грција треба самите да ги решат прашањата што предизвикуваат тензии во односите меѓу нив, бидејќи тоа не е работа на НАТО.

 
„Одредени недоразбирања што се појавија меѓу нив треба да се решат во рамките на добрите односи. Се радував кога дознав дека премиерите на двете земји за време на нивниот последен телефонски разговор се согласиле проблемите да ги решат преку дијалог“, рече Столтенберг во интервју за турската агенција Анадолија.
 
Тој утре ќе допатува во посета на Турција,  со цел подготовката за престојниот самит на НАТО во јули во Брисел. Столтенберг додаде дека со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, шефот на дипломатијата Мевлут Чавушоглу, и министерот за одбрана Нуретин Џаникли ќе разговара за повеќе регионални и глобални теми.
 16.04.2018, 15:00  | Z.H. | 45

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

26256
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.