МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Регион
Анкара бара екстрадиција на 450 турски државјани од Албанија

Анкара бара екстрадиција на 450 турски државјани од Албанија

понеделник, 16 април 2018, 13:33ч.   |   Z.H.

 Турските власти доставиле 450 барања за екстрадција на турски државјани од Албанија, но Тирана молчешкум ги отфрла овие барања.

 
Ова во емисијата „Јава“(Недела) на албанската државна телевизија го изјави аналитичарот Лоренс Ванѓели во дебата за влијанието на неоотоманизмот во Албанија, како тедендеција на надворешната политика на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
 
– Од информациите со кои располагам постојат 450 барања за екстрадција на туски државјани со живеалиште во Албанија, доставени од официјална Анкара која ги смета за следбеници на движењето муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен. Нив Албанија ги отфли молчешкум, изјави Ванѓели.
 
Како што јави дописникот на МИА, албанскиот истражувач Пиро Миша, кој исто така учествуваше во дебатата, смета дека за прекршителите на законот, Албанија треба да заземе став според законот и меѓународните договори, но оти „не треба да се вмешува во конфликтот меѓу Ердоган и Ѓулен“.
 
Миша е познат по своите статии во кои ги анализира и се спротвставува на спроведувањето на неоотоманската доктрина во Албанија, која, според него, „излегла на виделина со доаѓањето на власт на Ердоган“.
 
Според Миша, односите на Албанија со Турција се од особена важност и мора да се развиваат од двете страни, но тоа не значи дека Тирана треба „да даде зелено светло на духовните политики на неоотоманизмот“.
 
– Тоа би било антиисторско и во спротивност на западната ориентација на големо мнозинство Албанци, смета Миша.
 
Тој како многу загржувачко го оценува исклучување на лидерите на муслиманската заедница од една активност во Тирана, на која учествувал Ердоган, со образложение дека тие се „ѓуленисти“.
 
Аналитичарот Преч Зогај се осврна и на најновите тензии во односите меѓу Анкара и Приштина, по екстрадиицјата на шестмина турски државјани од Косово во Турција.
 
– Имам впечаток дека претседател на една пријателска земја како Турција, господнот Ердоган, е во заблуда со двата политички главни града на Албанците, Тирана и Приштина, рече Зогај.
 
Тој вели дека заканите на Ердоган кон косовскиот премиер Рамуш Харадинај се неприфатливи и сигурен е дека Тирана нема да екстрадира „ниту еден ѓуленист, без договор со западните партнери, САД и ЕУ“.

© ЖУРНАЛ    ~114,38

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Еколошка катастрофа во Истра, тони ѓубре ја преплавија реката
Турција нуди 770.000 долари за секој војник кој по неуспешниот пуч побегна во Грција
Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хрватски рибар уловил ајкула од осум метри (видео)
Хан: Внимателно го следиме прашањето со имотите на грчкото малцинство во Албанија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.