МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Македонија
Заев ја уверува македонската јавност, Кумуцакос му „скока“ на Коѕијас

Заев ја уверува македонската јавност, Кумуцакос му „скока“ на Коѕијас

понеделник, 16 април 2018, 10:26ч.   |   Xh.I.

Ако македонската влада сега има потешкотии за решавање на деценискиот спор за името со левичарската влада предводена од Сириза, може само да замислиме како ќе биде доколку преговорите ги водат Кумуцакос како министер за надворешни работи и Кирјакос Мицотакис од Неа Демократија.

Токму последното обраќање на Заев пред македонската јавност во кое даваше уверувања дека нема да се задира во македонскиот идентитет и на најблаг начин беше искажано дека Грција не може да решава како ние ќе се викаме дома кај нас, веднаш Кумуцакос му скокна на министерот Коѕијас.

Грчкото МНР веќе еднаш неофицијално преку медиумите во Грција упати сериозни критики на адреса на Кумуцакос за неговите несериозни јавни настапи, а сега го потсетуваат и дека тој веќе бил детално избрифиран во целост од Коѕијас за начинот на кој се водат преговорите и за нивната содржина.

- Секако, ако Нова демократија сака да биде опозиција само колку да се каже, користејќи ги како аргумент изјавите на премиер на друга земја, во конкретниот случај на ПЈРМ, а не на грчкиот премиер и грчкиот министер за надворешни работи тоа е нејзина работа. Но, така, уште еднаш ја покажува големината на неодговорноста  во управувањето со националните прашања, соопштуваат од прес центарот на Коѕијас, објави грчката државна агенција АНА-МПА.

Секако, Кумуцакос ќе ја користи секоја можна прилика, секој кажан збор на македонски политичар и секоја постапка, за да поентира како грчки тврдокорен опозиционер кој нема да им попушти ништо на „Скопјаните“ што всушност и во минатото го правеше неговата партија во политиките против Република Македонија, па затоа подобро е сега да се најде конечно решение меѓу двете страни за да нема подоцна ескалација на национализам и дополнително влошување на односите меѓу Македонија и Грција.

© ЖУРНАЛ    ~108,36

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
Досие Силјановска Давкова: Од министер на Црвенковски до претседателски кандидат на Мицкоски
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.