МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ВМРО-ДПМНЕ: Власта да каже што ќе се менува во Преамбулата и Уставот
Демолирани штабови на СДСМ во Куманово
Британската амбасадорка Галовеј во Прилеп
Ветер со брзина од над 95 километри во Скопје и источните делови на земјата
Економија
Македонија и Бугарија ќе ги поврзат пазарите за тргување со електрична енергија

Македонија и Бугарија ќе ги поврзат пазарите за тргување со електрична енергија

петок, 13 април 2018, 16:17ч.   |   Xh.I.

Македонија и Бугарија ќе ги поврзат организираните пазари за тргување со електрична енергија, предвидува Меморандумот за разбирање што го потпишаа претставници на Регулаторната комисија за енергетика и МЕПСО од македонска страна и претставници на бугарската Регулаторна комисија за енергетика, бугарскиот електропреносен систем оператор ЕСО и бугарската берза за електрична енергија ИБЕКС, вчера во Софија.

Намерите, како што информираат од МЕПСО, од овој меморандум ќе може да се реализираат откако Македонија ќе формира организиран пазар за електрична енергија на кој ќе се тргува на принципот „ден однапред“, што е предвидено со новиот Закон за енергетика, кој е во подготовка.

Од македонска страна Меморандумот го потпишаа Димитар Петров, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и Симон Шутиноски, член на Управен одбор и директор на Операторот за пазар на електрична енергија во МЕПСО. Од бугарска страна документот го потпишаа Иван Иванов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси на Бугарија, Ангелин Цачев, генерален директор на бугарскиот електропреносен систем-оператор ЕСО и Константин Константинов, директор на бугарската берза за електрична енергија ИБЕКС.

– Овој чекор ќе ја олесни трговијата со електрична енергија, ќе ја унапреди соработката меѓу двете земја и е дел од техничката поддршка која Секретаријатот на енергетската заедница ја дава на земјите од Западен Балкан за имплементација на регионален пазар на електрична енергија, посочуваат од МЕПСО.

Додаваат дека Меморандумот е во насока на исполнување на првиот чекор за интеграција на организираните ден-однапред пазари на електрична енергија од земјите на Западен Балкан во пан-европскиот пазар на електрична енергија, а тоа е поврзување на организиран пазар од земја која е договорна страна во Енергетската Заедница со организираниот пазар од најмалку една земја која е членка на ЕУ.

© ЖУРНАЛ    ~72,24

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
НБРМ ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени
НБРМ: Падот на турската лира нема да се одрази врз македонската економија
Дали растот од три проценти е преоптимистичен?
ФОРДОМАНИЈА завладеа и во Македонијa
Македонецот годишно јаде под килограм сладолед, во ЕУ шест
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.