Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Османи: Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози, очекуваме чиста препорака

Таравари: Нападот на наставниците во гостиварската гимназија досега невиден настан
Османи: Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози, оче..
Нови рочишта за „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“
Коѕијас - Димитров: Уште неколку спорни, но најтешки точки

Македонија

Османи: Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози, очекуваме чиста препорака
bujar-osmani-640x480.jpg

Вицепремиерот за европски интеграции Бујар Османи, денеска изјави дека над 90 отсто од мерките предвидени со планот 3-6-9 се реализиран, а останатите десетина проценти не се реализирани поради најразлични причини. Според него дел од она што не е реализиарано е поради тоа што некои мерки се во тек на преговори, некои мерки поради технички детали а некои поради тоа што опозицијата барала дополнителни консултации.

– Дозволете да ја пренесам пораката од сите соговорници во Брисел дека Македонија успеа да испорача исклучително продуктивна реформска агенда во овие 9 месеци и дека нашата држава е вратена повторно на Европскиот пат. Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози и на 17 април очекуваме чиста и безуловна препорака од Европската Комисија во нивниот извештај и најдобриот извештај до сега – изјави Османи.

Тој изјави дека сите овие реформи се усогласени со мислењата и препораките на сите релевантни институции од Европската Унија.

 13.04.2018, 12:06  | Xh.I. | 63

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

18799
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.