МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
Дурловски ја насочуваше толпата во Собранието, сведочеше градоначалникот на Шутка, Ку..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Македонија
Ѕанакопулос: За ерга омнес решение мора да се смени Уставот

Ѕанакопулос: За ерга омнес решение мора да се смени Уставот

вторник, 06 март 2018, 10:54ч.   |   Xh.I.

Самиот портпарол на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос уште еднаш во јавен настап на дебатна емисија на телевизијата ЕРТ потврди дека Грција не се откажува од барањето за ерга омнес решение за кое се потребно промена на уставот на Македонија.

- За сложено име ерга омнес, за севкупна употреба, во секој случај предуслов е уставна ревизија, барем во однос на прашањето со уставното име. Според тоа, прашањето за промена на Уставот секако дека влегува, барем на овој степен. Останатите работи ќе се разговараат и на техничко ниво за тоа колку може да постојат толкувања на Уставот на соседната земја кои би можеле да се карактеризираат како иредентистички, но ова е прашање поврзано со толкувањето. Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес, рече Ѕанакопулос.

Портпаролот на грчката влада, како што јави дописникот на МИА од Атина, објасни дека се потребни промени во македонскиот Устав, бидејќи во иднина „Уставниот суд на соседната земја може да одлучи дека Заев немал надлежност да го потпише конкретниот договор“, па затоа за Атина „единствен начин да се реши прашањето, барем, во однос на името е да има промена преку Уставот“.

Ѕанакопулос откри дека нацрт спогодбата сѐ уште е во фаза на разработка од грчка страна, а за доставувањето до Македонија, официјално ќе биде соопштено од грчкото МНР.

Во однос на актуелната клима меѓу двете земји и коментарот на новинарот дека е намален почетниот оптимизам, Ѕанакопулос објасни дека сите преговори имаат сопирања и забрзувања, а одбегна да открие технички детали за процесот.

- Во овој момент треба да ја најдеме неопходната формула за да стигнеме до решение. Ова е политичката цел на владата и секако едно решение што ќе биде и одржливо и секако ќе им дозволи и на двата народа, гордо, да си ги задржат нивниот идентитет и идеологијата, објасни портпаролот на владата на Грција.

Во дебатната емисија, како претставник на опозицијата беше потпретседателот на Нова демократија, Костис Хаѕидакис, кој говореше за позициите на неговата партија и рече дека е потребно да постои фер и одржливо решение, прифатено од Грција. Според него, иредентизмот и Уставот се поважни од името.

- Мицотакис рече: сакаме пакет решение што ќе тргнува од Уставот, од иредентизмот, не прифаќаме македонска нација. Овие се нашите приоритети, рече Хаѕидакис и паралелно упати критики до владата дека сметала оти е подобро прво да го извести архиепископот, а не партиите за конкретното прашање.

За позициите на владата и опозициската Нова демократија, во студиото на ЕРТ се разви жестока дебата со меѓусебни обвинувања на релација Ѕанакопулос – Хаѕидакис.

Владиниот портпарол, побара од потпретседателот на опозициската партија, да објасни во кој дел не се согласува со позициите на владата, дали за суштината или за процедуралниот дел.

- Која е суштината? Која е позицијата на владата? За да одговориме за суштината: започнавте од името, затоа и го крстивте проблем со името, односно само името и секој ден по реакциите што произлегоа додавате и по едно делче и се приближувате до позициите на Нова демократија. Дополнително се сетивте на сите останати прашања, одговори Хаѕидакис, упатувајќи обвинувања дека владата е поделена и има две позиции, едната на СИРИЗА преку Министерството за надворешни работи и премиерот, а другата на Каменос преку Министерството за одбрана.

Жестоката дебата на висок тон меѓу Димитрис Ѕанакопулос и Костис Хаѕидакис започна од различните позиции во прашањето за името, а меѓусебните препукувања и обвинувања, како што јави дописникот на МИА од Атина, се префрлија на други актуелни теми во грчката внатрешна политика.

© ЖУРНАЛ    ~107,37

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Журнал дознава кои министерства Заев му ги понудил на Мицкоски да биде дел од Владата
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
МВР со дупки во приказната за џипот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.