МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна подд..
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Здравје
Од 1 април се намалуваат цените на лековите

Од 1 април се намалуваат цените на лековите

четврток, 29 март 2018, 14:54ч.   |   Xh.I.

Намалени се максималните цени на 336 генерички и 222 оригинаторни (иновативни) лекови. Намалувањето на максималните цени доведува и до намалување на големопродажните и малопродажните цени на лековите кои ќе важат од 1 април.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека се намалуваат цените за 40 до 50 отсто од генеричките и иновативните лекови.

Со ова намалување на цените, посочи, се опфатени сите групи на лекови од позитивната листа.

„Заштедата кај генеричките лекови на годишно ниво изнесува 993.000 евра, додека кај иновативните лекови изнесува 1.388.600 евра или вкупно 2.381.600 евра. За компарација во 2016 година вкупната заштеда кај оригинатните и генеричките лекови изнесувала 1.126.000 евра, а во 2017 заштедата изнесувала 398.315 евра“, рече Филипче и додаде дека станува збор за најголема заштеда досега.

© ЖУРНАЛ    ~180,60

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
10 продукти кои го чистат црниот дроб и го забрзуваат согорувањето на калориите
За 48 часа елиминирајте ги сите токсини и масти од телото
Да се пие гaзирана вода или не?
Пушачи, исчистете ги белите дробови за 3. дена: Спречете рак, исфрлете маснотии и вишок вода од организмот!
Колку пати неделно смеете да јадете сувомеснати производи?
3 негативни последици од претераната употреба на сол
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.