Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Зошто се дебелееме кога ќе престанеме да пушиме цигари?

Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување
Алијансата за Албанците со решенија за спречување на лекарите да ја напуштаат држават..

Здравје

Зошто се дебелееме кога ќе престанеме да пушиме цигари?
20180327134204.jpg

 Со пушење цигари се зголемува физичката активност и се намалува внесувањето на храна, а кога ќе престанеме да пушиме цигари, се добива спротивен ефект.

 
Пушачите, во просек, имаат помалку килограми од непушачите, а влијанието на никотинот на метаболизмот е комплексен. Се претпоставува дека никотинот го зголемува влијанието на лептинот и грелинот, што резултира со намалување на апетитот. 
 
Лептин е полипептид кој се произведува во масното ткиво. Концентрацијата на лептин ја одржува количината на енергијата која се складира во масното ткиво, а нивото на лептинот зависи од калориите и директно е пропорцинален на количината на масното ткиво. Грелин е хормон кој го стимулира апетитот. Станува збор за полипептид кој се произведува во желудникот. Тој, заедно со рецепторот се наоѓа во целото тело и на тој начин влијае на многу телесни функции. 
 
Делувањето на грелинот го потиснува никотинот и го зголемува делувањето на лептинот, а крајниот резултат е намалување на апетитот. Никотинот влијае на симпатичниот нервен систем, а резултат е зголемено ниво на адреналин и забрзување на метаболизмот. 
 
Со престанување на пушењето цигари се зголемува апетитот и заздравуваат рецепторите за вкус на јазикот, поради што личноста која престанала да пуши подобро го чувстува вкусот на храната.
 28.03.2018, 11:21  | Z.H. | 145

 

© ZURNAL.mk

 Здравје 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

40017
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.