Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Жените се поиздржливи војници од мажите

Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување
Алијансата за Албанците со решенија за спречување на лекарите да ја напуштаат држават..

Занимиливости

Жените се поиздржливи војници од мажите
zeni-vojnici-NATO.jpg

 Жените војници можат подобро да ги поднесат воените вежби од своите машки колеги, покажува ново истражување на норвешкиот Институт за безбедност ФФИ.

 
Студијата покажува дека „жените подобро губат маснотии при тренинзите, што може да биде предност во подолгорочни вежби или при операции“. Исто така, се вели и дека жените побрзо закрепнуваат.
 
Истражувањето опфатило 23 мажи и 12 жени војници од Специјалните вооружени сили на Норвешка, кои биле подложни на физички напори, и по еднонеделното тестирање, е утврдено дека мажите изгубиле во просек по 2,7 килограми мускулна маса, а жените загубиле само маснотии.
 
Меѓутоа, очекувано, не се сите импресионирани од резултатите. Полковник поручникот Харалд Хојбак, кој претходно тврдел дека жените војници ја ослабнуваат борбената способност на Норвешка, ги отфрла овие научни сознанија.
 
– Колку е важно брзото закрепнување кај жената ако таа има значително помала физичка способност и капацитет?, прашува полковникот.
 
Бројот на жени во норвешката Војска постојано расте по воведувањето задолжителна служба за жените во 2015 година.
 28.03.2018, 11:31  | Z.H. | 117

 

© ZURNAL.mk

 Занимиливости 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

40071
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.