МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Стејт депармент: Лидерите во македонското Собрание да ги надминат партиските политики
Шекеринска: Собранието има историска можност и одговорност да ја отвори вратата за НА..
Димитров: Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици
Култура
Промоција на романот „Граница“ на Луан Старова

Промоција на романот „Граница“ на Луан Старова

среда, 28 март 2018, 11:19ч.   |   Z.H.

 Во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска напладне ќе биде промовиран романот „Граница“ од академик Луан Старова. 

 
- „Граница“ е шеснаесетта книга од неговата балканска сага, значајна книжевна творба за балканските граници, за нивната вплетеност во судбината на луѓето и таа, со својата интимна текстура, сведочи за балканскиот трагизам - соопшти Библиотеката во најавата за промоцијата.
 
Луан Старова (1941) е автор на 16 романи кои ја опфаќаат цикличната сага која од авторот е именувана „Балканска сага“. Неговте романи се преведени на голем број јазици, а за своето книжевно дело е добитник на повеќе престижни домашни и светски награди.
 
Добитник е и на престижното француско признание Командант од редот на уметностите и книжевностите и на францускиот орден - Офицер на националниот ред на легија на честа. Пишува на македонски, на својот мајчин албански јазик и на француски јазик.
 
Најновиот роман на Луан Старова денеска ќе го промовира проф. д-р Елизабета Шелева. 

© ЖУРНАЛ    ~150,50

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Почнува третиот фестивал на дебитантски филм „Киненова"
Во Кичево изложба на керамички изработки
Поп и фолк ѕвезди на „Звуците на културата“ во Ѓорче
Духовите на Африка во Музејот на Македонија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.