МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Ружин: Реакциите од Бугарија служат само за собирање политички поени
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара итна и неотповиклива оставка од Димитров и Спасовски
Заев: Во наредниот период нема да има општ закон за амнестија
Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг
Македонија
Законот јазиците, прогласување и без потпис од Иванов

Законот јазиците, прогласување и без потпис од Иванов

недела, 18 март 2018, 00:08ч.   |   B.M.

Законот за употреба на јазиците ќе може да стапи во сила и без потписот на Претседателот Ѓорге Иванов. Експертите сметаат дека со потписот на претседателот на Собранието и неговото објавување во Службен весник, Претседателот би се нашол пред свршен чин. Професорот Никола Дујовски истакнува дека такви практики имало и порано.

Од друга страна, политичките аналитичари сметаат дека одлуката на Иванов за непотпишување на указот за Законот е политички мотивиран потег. Според аналитичарот, Сефер Тахири, одлуката на Претседателот е израз на непроменетата националистичка политика на ВМРО-ДПМНЕ.

„На оваа партија и е многу тешко да го промени својот политичко-етнонационалистички курс и својата идеологија дека во оваа држава Македонците треба да бидат носители на суверенитетот, а не граѓаните, значи не и Албанците. Сметам дека ваквиот пристап го отежнува нејзиното враќање на власт. Сметам дека не се очекуваше друг потег од овој Претседател кој всушност не е Претседател, туку е само политичка фигура и марионета на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Македонија е подобар кога не зборува, отколку кога ќе каже нешто”, вели Сефер Тахири, аналитичар

Додека парламентарното мнозинство не соопштува дали има план Б , експертите инсистираат дека процедуралните прекршоци и неуставноста на Законот може да ја цени само Уставниот суд. Лидерите, чинот на Иванов го нарекоа кукавички, а поранешниот премиер Никола Груевски неговите постапки во донесување на законот ги оправда со обидите да ја спречи, како што рече неуставната постапка. Претседателот на Собранието, пак, повтори дека се уште се дискутира во однос на начинот на кој Законот ќе стапи во сила. Законот за употреба на јазиците беше донесен на 11 јануари, а на 17 јануари Иванов соопшти дека нема да го потпише указот за истиот. Третото читање не беше направено во рокот од 30 дена предвиден со Деловникот на Собранието. Причината за тоа, според собранискиот спикер, била желбата законот да се донесе со консензус. Законот за употреба на јазиците по втор пат беше изгласан на 14 март со 64 гласови „за“ и без да се разгледа ниеден од 35 илјади амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

© ЖУРНАЛ    ~129,43

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.