МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ВМРО-ДПМНЕ: Власта да каже што ќе се менува во Преамбулата и Уставот
Демолирани штабови на СДСМ во Куманово
Британската амбасадорка Галовеј во Прилеп
Ветер со брзина од над 95 километри во Скопје и источните делови на земјата
Македонија
Џафери: Со непотпишување на указот, Иванов го крши Уставот

Џафери: Со непотпишување на указот, Иванов го крши Уставот

недела, 18 март 2018, 00:14ч.   |   B.M.

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека е личен избор на претседателот Ѓорге Иванов  дали ќе го потпише Законот за јазици, но со непотпишување на указот претседателот го крши Уставот зашто, рече, доколку мнозинството го изгласа по вторпат законот, претседателот е должен да го потпише.

Во интервју за емисијата „Ноќно студио“ на ТВ Телма Џафери рече дека се уште размислува и се консултира што да одлучи околу најавеното непотпишување на указот од Иванов. Не ги кажа опциите што би биле следен чекор. Најважно е, смета, што спречил блокада и обезбедил да функционира Собранието во претстојниот реформски процес. 

- За мене е битно дека го обезбедив она што го ветив претходно - дека повеќе нема да дозволам да има ситуација да се блокира Собранието, а тоа го правам во интерес на граѓаните и на државата, особено во овие историски околности пред кои се наоѓаме. Во интензивните разговори за надминување на разликите во спорот за името, свесен сум за мојата политичка одговорност и се решив за помалото зло, рече Џафери. 

Според него, неотворање расправа по амандмани е оправдано ако се работи за повисока цел. - Ако се 36 илјади амнадмани по пет минути расправа и гласање по пет минути, тоа се триста работни дена по десет часа, ништо друго да не работите, вклучувајќи саботи, недели и празници, рече Џафери.

© ЖУРНАЛ    ~60,20

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Журнал дознава кои министерства Заев му ги понудил на Мицкоски да биде дел од Владата
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
МВР со дупки во приказната за џипот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.