МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Џафери ја доведоа во прашање и препораката за преговори за ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Џафери ја доведоа во прашање и препораката за преговори за ЕУ

петок, 16 март 2018, 09:40ч.   |   Xh.I.

Зоран Заев и Талат Џафери режираа разочарувачки ден во Собранието, доведувајќи ја во прашање препораката за отпочнување на преговори за ЕУ. Ова е реакција на амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние во врска со насилничкото и недемократско носење на штетниот закон за двојазичност, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ го погази деловникот за работа на Собранието. Владеачкото мнозинство ја спречи амандманската расправа и насилно го прогласи неуставниот закон за двојазичност за изгласан. СДСМ ја обезвредни улогата на Собранието и пратениците и на сила истурка закон без да го испочитува правото на пратениците со амандмани да интервенираат во истиот.

Законот ваков каков што насилно го истурка власта е неуставен, неприменлив и штетен. За ВМРО-ДПМНЕ ваквиот закон е неприфатлив.

Насилното гласање е одлика на недостатокот на демократски капацитет на оваа власт. СДСМ покажа дека не знае да менаџира со државата за доброто на граѓаните. СДСМ во изминатава година демонстрираше насилств, незнаење, расипништво и злоупотреба на законите и институциите.              Законите и институциите беа злоупотребени за пресметка со политичките неистомисленици на власта. Правосудните органи ги заборавија Уставот и законите и се ставија во служба на СДСМ, неосновано ставајќи во притвор десетина патриоти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
 

© ЖУРНАЛ    ~156,54

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
Досие Силјановска Давкова: Од министер на Црвенковски до претседателски кандидат на Мицкоски
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.