Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Меси не ги остава работите недовршени, затоа – Ливерпул, моли се!

Таравари: Нападот на наставниците во гостиварската гимназија досега невиден настан
Османи: Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози, оче..
Нови рочишта за „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“
Коѕијас - Димитров: Уште неколку спорни, но најтешки точки

Фудбал

Меси не ги остава работите недовршени, затоа – Ливерпул, моли се!
leo_13.jpg

Денеска од 12 часот во Нион ќе се одржи ждрепката за четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Во конкуренција останаа осум екипи од четири држави кои заедно имаат 29 титули во елитното натпреварување. Три се од Шпанија, по две од Англија и Италија и една од Германија. Впечаток е дека никој не сака да се падне со Барселона поради една причина – Лионел Меси и неговата страст која наликува на 2009 и 2015 година кога каталонскиот тим ја освои тројната круна.

Од седумте можни противници на Барса, Аргентинецот во европските натпреварувања не му дал гол само на Ливерпул. За волја на вистината, против него одиграл само два натпревари и тоа како тинејџер во сезоната 2006/07 кога Барселона беше елиминирана во осминафиналето по 1-2 на домашен терен и победа од 1-0 на Енфилд.

Сите знаат дека Меси не ги остава работите недовршени. Оваа сезона тоа им го покажа на Буфон и Челси, првпат против нив постигна голови и тоа не еден. На Буфон му даде два, а на Челси вкупно три.

Затоа, пред ждрепката може само да му посакаме на Ливерпул да не ја добие Барса за противник бидејќи лошо му се пишува.

 16.03.2018, 09:36  | Xh.I. | 66

 

© ZURNAL.mk

 Фудбал 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

18437
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.