МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Македонија
Четворица обвинители реагираат: На Бобан Илиќ требало да му се суди за убиство

Четворица обвинители реагираат: На Бобан Илиќ требало да му се суди за убиство

петок, 16 март 2018, 15:29ч.   |   Xh.I.

Џелал Бајрами, Ферат Елези, Башким Бесими и Исмаил Дарлишта се четворицата обвинители што денеска испратија писмо до јавноста со кое реагираат дека се против одлуката на кумановското обвинителство и кумановскиот суд на обвинетиот Бобан Илиќ да му се суди за тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот наместо за убиство на малиот Алмир.

„Во врска со настанот познат во јавноста како случај на малиот Алмир, ние јавните обвинители од Јавното обвинителство на РМ сакаме да ја информираме пошироката јавност дека со преквалификацијата на кривичното дело убиство, предвидено во член 123, ст. 2, т. 3 од КЗ на РМ во кривично дело од областа на сообраќајот, предвидено во член 300, ст. 2 во вв со член 297, ст. 1 од КЗ на РМ како тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, е сторено повреда на основните начела на Законот за јавното обвинителство, како што се начелото на законитост, непристрасност, објективност и заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот што воедно се и основни и темелни вредности на Уставот на РМ.

Ние јавните обвинители во Јавното обвинителство на РМ уште од почетокот при реферирањето по овој случај во ЈОРМ сме имале став и сè уште остануваме на тој став дека обвинителниот акт КО бр. 697/2016 од 19.12.2016 година на ОЈО Куманово кореспонедира во целост со дејствата на обвинетиот како што и бил првично обвинет за кривично дело убиство предвидено во член 123, ст. 2, т. 3 од КЗ на РМ.

Ваквиот наш стручен став е образложен и на одржаните колегиуми во ЈОРМ во врска со овој настан“, стои во соопштението.

На обвинетитот Илиќ вчера Судот му го укина притворот, а од семејството на починатото дете повеќе пати преку протести реагираа на барањето за преквалификација од страна на Обвинителството. Судскиот процес се одвива речиси две години. 4-годишниот Алмир Алиу беше прегазен од автомобил по расправијата на неговото семејство со кумановецот Илиќ, која заврши со меѓусебна физичка пресметка.

© ЖУРНАЛ    ~171,59

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
Досие Силјановска Давкова: Од министер на Црвенковски до претседателски кандидат на Мицкоски
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.