Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

ФЗОМ ќе ја зголеми квотата за овој месец и буџетот за лекови

Таравари: Нападот на наставниците во гостиварската гимназија досега невиден настан
Османи: Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози, оче..
Нови рочишта за „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“
Коѕијас - Димитров: Уште неколку спорни, но најтешки точки

Македонија

ФЗОМ ќе ја зголеми квотата за овој месец и буџетот за лекови
ramadani.jpg

Фондот за здравствено осигурување денеска најави итна мерка – зголемување на квотите на аптеките во март, во вкупен износ од 15 милион денари, линеарно распределени по аптека.

Исто така, вкупниот буџет за лекови за годинава ќе се зголеми во износ од 100 милиони денари годишно.

    -Аптеките можат да ги надминат месечните квоти најмногу до 10% месечно во првите пет месеци, а порамнувањето на квотите се врши два пати годишно. По автоматизам квотата за март самите аптеки ја намалиле за 15% , нагласија од ФЗОМ.

    -Ние сме свесни за потребите на граѓаните, особено во овој период кога е зголемена побарувачката на лекови и во иднина би сакале овие аномалии да се решат, изјави директорот на ФЗОМ, Ден Дончев.

Од ФЗОМ апелираат, доколку осигурениците имаат некаков проблем да се обратат до нив, иако, како што рекоа, тие не се надлежни за набавките на аптеките.

Како што велат од таму системот бара менувања, бидејќи има недостатоци.

Во долгорочните мерки  најавено е воведување интегриран и ефикасен електронски систем преку вклучување на сите институции и здравствени установи и работници од здравствениот систем со воведување електронско здравствено досие по пациент.

Тоа според ФЗОМ е единствен начин проблемот со квотите да се реши, но дека тоа е процес што ќе трае.

    -Крајниот исход би било непостоење квоти со што ќе се реши долгогодишниот проблем на осигурениците, велат од ФЗОМ.

 16.03.2018, 15:28  | Xh.I. | 56

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

18261
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.