Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Јуве и Реал досега играле 19 пати, Ливерпул и Сити првпат во Европа

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Фудбал

Јуве и Реал досега играле 19 пати, Ливерпул и Сити првпат во Европа
real_11.jpg

Во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион во петокот беше одржан ждребот за четвртфиналето од годинешното издание на Лигата на шампионите, а секако најголемо внимание предузвикуваат судирите меѓу ланските финалисти Јувентус и Реал Мадрид, како и судирот меѓу англиските клубови Ливерпул и Манчестер Сити.

Торинската „Стара дама“ и мадридскиот „Кралски клуб“ досега се среќавале во рамките на континенталните натпреварувања вкупно 19 пати, при што и во две финалиња на најелитното натпреварување минатата 2017 и во 1998 година. И двата пати славеше Реал, лани во Кардиф беше дури 4:1 а пред дваесет години во Амстердам 1:0.

Реал е поуспешен и вкупно гледано. Од 19 натпревари победил на девет средби, Јувентус славел осум пати, а два дуела на овие гиганти завршиле без победник.

Големо внимание предизвикува и судирот на англиските фудбалски великани, Ливерпул и Манчестер Сити. Досега одиграле 178 меѓусебни средби, но ниту една досега во некое европско натпреварување. „Редси“ се далеку поуспешини, во долгата историја оствариле 87 победи, 45 пати славеле „Граѓаните“, а 46 мечеви завршиле без победник.

Оваа сезона се сретнаа двапати. Лани во септември Сити на свој терен победи со дури 5:0, а во јануари годинава Ливерпул на „Енфилд“ победи со 4:3 и тоа е засега единствениот пораз на Манчестер Сити оваа сезона во англиското првенство. Интересен е и податокот дека Сити во последните осум меѓусебни дуели славел само еднаш, а притоа запишал пет порази.

Барселона ќе се соочи со Рома, а досега се среќавале четири пати. Секој клуб има по една победа, а два натпревара завршиле без победник. Мешутоа,, многумина уште ја паметата победата на Барселона од 6:1 во фазата по групи во не така далечната сезона 2015/2016 година.

Севилја и минхенски Баерн досега немаат ниеден меѓусебен дуел.

Првите натпревари е се одиграат на 3-ти и 4-ти април, а реванш соочувањата се закажани за 10-ти и 11-ти април. Финалето ќе се одигра на 26-ти мај на Олимпискиот стадион во Киев.

 16.03.2018, 13:20  | Xh.I. | 73

 

© ZURNAL.mk

 Фудбал 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

5010
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.