Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Груевски: СЈО е забегано, ова е театар на апсурдот

Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници
Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан
Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција
Ѕанакопулос: Договорот е политичка победа, се решава прашање старо 30 години

Македонија

Груевски: СЈО е забегано, ова е театар на апсурдот
Nikola-Gruevski-pred-sudot-izjava.png

„Судот од почетокот требаше да ги отфрли овие обвинувања. Ова стана еден вид театар на апсурдот“, рече експремиерот Никола Груевски по денешното одложено рочиште за предметот „Насилство пред Општина Центар“. „Шест дена треба да бидам на рочишта во разни предмети. Сè повеќе се чувствувам како во едно од врвните дела посветени на апсурдот, „Процес“ од Кафка, изјави Груевски по излегувањето од судот. Тој рече дека СЈО барало притвор за болен човек, што укажува, како што рече, на забеганоста на ова јавно обвинителство. „Самиот факт што обвинителството се охрабри да бара притвор за болен човек укажува на забеганоста на ова јавно обвинителство“.

Груевски говореше и за вчерашното судење за предметот за набавката на „мерцедесот“, кое траеше неколку часа. „Вчера судијката одлучи да го продолжи рочиштето до 18.30 часот. Не е проблем за мене да останам до кога треба. Сум работел јас до доцна, но доколку тоа е за сите. Во овој случај имаме ситуација кога за никој не се останува по работното време, ниту за најголемите убијци и терористи, но кога сум јас во прашање, имаме пролонгирање додека судијката не ја заврши својата замислена обврска. За никој друг во државата ова не се случило во минатото. Истата двојка судии што вчера направи на некој начин скандал, таа му суди и на Заев и му закажуваше на еден месец. Очигледно е дека судиите имаат добиено политичка агенда и мора да ја исполнуваат“, рече Груевски.

 13.03.2018, 14:54  | Xh.I. | 69

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

15234
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.