МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
Дурловски ја насочуваше толпата во Собранието, сведочеше градоначалникот на Шутка, Ку..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Свет
Авионот што се урна во Непал приоѓал кон пистата од погрешен правец (ВИДЕО)

Авионот што се урна во Непал приоѓал кон пистата од погрешен правец (ВИДЕО)

вторник, 13 март 2018, 15:00ч.   |   Z.H.

 Авионот што се урна во престолнината на Непал, при што загинаа најмалку педесет луѓе, од погрешен правец приоѓал кон единствената писта што ја има аеродромот во тој град.

Ова го изјави генералниот менаџер на аеродромот Рај Кумар Четри.
 
Како што пренесува АП, снимката на разговорот меѓу пилотот и контролата за воздушен сообраќај укажува на тоа дека постоела конфузија во врска со прашањето од кој правец авионот би требало да слета.
Според зборовите на менаџерот на аеродромот, пилотот на авионот не ги следел инструкциите за слетување што му ги давала контролната кула и авионот „не бил во линија со пистата како што требало“ да биде.
 
Тој додаде дека контролната кула неколку пати прашала дали пилотот е добро и дека секој пат одговорот бил „да“.
 
Како што пренесоа медиумите претходно, на меѓународниот аеродром во Катманду излетал од пистата и се запалил авионот на компанијата „УС-Бангла“ од Бангладеш, во кој имало 67 патници и четири члена на екипажот, при што страдале најмалку 50 луѓе.
 
Ројтерс го објави ова повикувајќи се на неименуваниот портпарол на непалската војска, додека АП врз основа на податоците од тамошната полиција објави дека загинале најмалку 38 луѓе, а 23 биле повредени.
 
Би-би-си пренесува дека „Катманду пост“ јавил дека леталото се урнало во источниот дел на пистата на аеродромот „Трибуван“.
 
Се наведува дека од леталото биле спасени 17 лица. Авионот „Бомбардие деш 8 Кју400" со два пропелери долетал од Бангладеш.
 
На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеоснимки на кои е прикажан чад што се крева од пистата.
 
Катманду пост објави дека се запрени сите летови од овој аеродром. 

© ЖУРНАЛ    ~81,27

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
(Видео) Воен авион леташе низ ураганот Флоренс
Израелските медиуми: Што ако сега С-300 стигне во Сирија?
Во Германија паднал најголемиот град регистриран досега во Европа
Десетина загинати при уривање на надвозник во Италија
Долго очекуван црвен картон за Унгарија
Европа среде септември пред топлотен бран: Следи температурен шок
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.