Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Данев: Не сакам да верувам дека Законот ќе се гласа без расправа за амандманите

Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници
Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан
Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција
Ѕанакопулос: Договорот е политичка победа, се решава прашање старо 30 години

Македонија

Данев: Не сакам да верувам дека Законот ќе се гласа без расправа за амандманите
dragan-danev-696x392.jpg

Гласањето за Законот за употреба на јазиците без да се разгледуваат амандманите е противуставно, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Тој денеска не присуствуваше на координативната средба кај собранискиот спикер, Талат Џафери, на која било договорено за утре да биде закажано продолжението на седницата на која на дневен ред се наоѓа Законот. Данев одби да одговори дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ размислува да ја блокира седницата.

-Не сакам да верувам дека гласањето ќе биде без да се разгледаат амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Уверен сум дека ќе се следи деловникот и Уставот. Амандманите мора да се разгледаат – вели Данев и додаде дека доколку седницата биде закажана тие ќе присуствуваат на неа со цел да ги бранат амандманите.

 

 13.03.2018, 13:43  | Xh.I. | 72

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

37448
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.