МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Македонија
Утре нов обид да се донесе законот за јазиците

Утре нов обид да се донесе законот за јазиците

вторник, 13 март 2018, 13:17ч.   |   Xh.I.

Законот за употреба на јазиците утре повторно ќе се најде пред пратениците. Ова било договорено на денешната координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери, меѓу координаторите на пратеничките групи. Продолжението на 32-та седница, на која оваа точка е на дневен ред, спорeд најавите се очекува да биде закажана за 13 часот.

Од координативаната средба не откриваат како ќе се постапи по 35-те илјади амандмани кои ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ, иако собранискиот спикер Џафери во неколку наврати потенцираше дека според него нема решение ако се расправа за секој амандаман поединечено, туку тоа како што образложи, би значело закочување на работата на парламентот.

Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.569 амандмани со образложение дека законот е неуставен и треба да се повлече.

© ЖУРНАЛ    ~120,40

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
Досие Силјановска Давкова: Од министер на Црвенковски до претседателски кандидат на Мицкоски
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.