Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Хрватска поддршка за членство во евро-атлантското семејство

Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници
Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан
Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција
Ѕанакопулос: Договорот е политичка победа, се решава прашање старо 30 години

Македонија

Хрватска поддршка за членство во евро-атлантското семејство
Sredba-Dimitrov-Buric-02.jpg

По покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во официјална посета на земјава престојуваше потпретседателот на владата и министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Марија Пејчиновиќ-Буриќ. Министерката Буриќ ја реафирмира силната поддршка на Република Хрватска и изрази надеж дека земјава набргу ќе ги почне пристапните преговори за членство во ЕУ и ќе стане полноправна членка на НАТО.

Соговорниците се согласија дека одличната соработка во разни области меѓу двете пријателски држави ќе продолжи, а воедно ќе се работи и на унапредување на економската соработка, со можност за заеднички настап на македонските и хрватските компании на трети пазари. На средбите се разговараше и за процесот на пристапување на земјава кон јонско-јадранската иницијатива.

„Оваа посета доаѓа во време што за нас е многу значајно и оттаму исклучително сме благодарни на поддршката што ја добиваме од Хрватска. Ни требаат вашите совети и вашата мудрост. Од членството во евро-атлантското семејство најголем бенефит ќе имаат граѓаните на Република Македонија, но и регионот и Европа“, изјави Димитров. Ова беше прва официјална посета на земјава од страна на хрватски министер за надворешни работи по подолг период, а се очекува и министерот Димитров да оствари возвратна официјална посета на Хрватска.

 13.03.2018, 13:16  | Xh.I. | 45

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

37388
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.