МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да ..
Катимерини: Ретките несреќни коментари на Заев се за да и се додвори на домашната пуб..
Мијалков ги прислушувал сопругата и брат му?
Зоолошката градина во Скопје ќе добие „Џурасик парк“ со 50 диносауруси
Македонија
СДСМ: Ние обезбедивме слобода на медиумите, а ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја задушуваше таа слобода

СДСМ: Ние обезбедивме слобода на медиумите, а ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја задушуваше таа слобода

вторник, 13 март 2018, 11:34ч.   |   Xh.I.

ВМРО-ДПМНЕ партијата за чиешто владеење се апсеа и притвораа новинари, се вршеа упади и затворања на медиуми, пропагандата го имаше главниот збор, а слободата на изразување беше системски задушувана, нема никаков кредибилитет да зборува за слобода на медиумите, реагира СДСМ на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од таквото неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес, започнатиот процес на ослободување на институциите и општеството од страна на Владата предводена од СДСМ обезбедува еднакви услови за сите и ја гарантира слободата на изразување.

Новинарите и медиумите слободно ја вршат својата работа, нема мешање во уредувачката политика на медиумите.

Законите важат за сите подеднакво, а институциите работат независно, професионално, во интерес на граѓаните, ослободени од партиски притисоци. Секој кој го прекршил законот одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, партиска или каква било припадност.

Сѐ уште постојат предизвици но се слуша гласот на граѓаните, на новинарите и се преземаат институционални мерки за нивно надминување“, се вели во реакцијата на СДСМ.

© ЖУРНАЛ    ~90,30

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.