МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Собраниска делегација на конференција на КОСАК во Виена
Заев уверува дека Груевски ќе биде вратен, Унгарија решава за азилот
Облачно и студено, попладне снег
Илир Мета: Бегството на Груевски е признавање на вина
Македонија
Села бара од напаѓачите полoвина милион евра отштета

Села бара од напаѓачите полoвина милион евра отштета

четврток, 08 февруари 2018, 11:28ч.   |   Xh.I.

Пратеникот Зијадин Села бара отштета од половина милион евра од напаѓачите што го претепаа во Собранието на 27 април минатата година.

Неговиот адвокат, Абедин Абдули, денеска во кривичниот суд побара 30 милиони денари или 500 илјади евра за трошоците за лекувањето на Села, за физичката болка што ја претрпел, како и за повреда на личниот интегритет и претрпен страв.

Поради промена на две поротнички, судењето за обидот за убиство на Села почна од почеток.  Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. На претходното рочиште, кое се одржа на 26 јануари, сите десетмина обвинети за обид за убиство се изјаснија за невини.

© ЖУРНАЛ    ~129,43

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Иво Котевски за „Пинк“: Заев ќе изгубеше на предвремени избори
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.