МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици
Дескоска за Журнал: Обештетување за Сопот ќе има, извршната власт подалеку од судскат..
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот од Преспа е мртов, нашите пратеници нема да ги поддржат уставни..
Македонија официјално ги почнува претпристапните разговори за членство во НАТО
Колумни
Сертификати за идиоти

Сертификати за идиоти

понеделник, 26 февруари 2018, 23:54ч.   |   B.M.

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Бранко Героски

Во право е Здружението на новинарите на Македонија, во право е Насер Селмани – нема никаква причина од професионална природа шефот на државата да им издава безбедносни сертификати на новинари. Претседателот Ѓорге Иванов треба веднаш да ја прекине таа практика, а доделените безбедносни сертификати мора итно да се одземат или да се вратат.

Фатен во сериозен скандал, Иванов потврди дека издавал безбедносни сертификати на новинари, со цел тие да учествуваат во работни тела на седниците на Советот за безбедност, кој треба да ја донесе стратегијата за одбрана. Во соопштението од кабинетот на Иванов пишува дека се оценило дека во овие активности „треба да бидат вклучени и стручни лица – новинари“. И затоа им се издадени сертификати што им овозможуваат пристап до строго доверливи информации.

Знаете ли кои се тие новинари „стручни“ да му дадат на претседателот „сугестии како да ја информира јавноста и да ја подигне свеста и безбедносната култура за работата со класифицирани иформации“ и да му помогнат во неговата херојска борба со „лажните вести“ и со „ерозијата на институциите“? Ако не знаете, јас ќе ви кажам – тоа се кодошите на тајната полиција на привремена работа во новинарството. Незгодата е во тоа што Иванов можел да постапи и валкано, па на листата на новинари што треба да добијат безбедносни сертификати да допише и такви што би сакал да ги искомпромитира.

Како и да е, јас сум среќен што од Иванов немам добиено таков сертификат. Сѐ што имам добиено од него е една црвена вратоврска, што ми ја испрати по пошта, по повод една моја кавга со неговиот кабинет. Таа вратоврска ќе ја носам на денот кога Ѓорге ќе падне од власт. Откако ќе се случи тоа – се надевам, во интерес на Македонија, што поскоро – јас ќе му издадам безбедносен сертификат да чита „Слободен печат“, со назнака „интерно“.

© ЖУРНАЛ    ~183,61

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
Мојата обврска да апстинирам
Мажоретките на ВМРО-ДПМНЕ
Пред дестабилизација!
Омраза
Зошто ќе гласам позитивно?
Држава без народ – како џамија без џемат
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.