МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
Дурловски ја насочуваше толпата во Собранието, сведочеше градоначалникот на Шутка, Ку..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Македонија
Заев за „Шпигел“: Име без превод е неприфатливо

Заев за „Шпигел“: Име без превод е неприфатливо

понеделник, 26 февруари 2018, 12:19ч.   |   Xh.I.

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за германски „Шпигел“ вели дека очекува да се најде решение со Грција за прашањето за името, но смета оти не е неопходно менување на Уставот и дека евентуалниот договор може да се гарантира со меѓународен договор. Неприфатливо, како што наведува, е менување на името на државата со име кое нема да биде преведено.

Заев вели дека не може да си замисли неуспех на разговорите околу спорот за името.

- Не сакам ни да помислувам на тоа дека нема да има решение во спорот за името. Ние мораме да го решиме овој спор, затоа што само така можеме натаму да се развиваме, да се интегрираме во ЕУ и да станеме напредна држава со владеење на правото. Тоа е добро за целиот регион. Неуспех е незамислив, за Македонија, за целиот регион на Западниот Балкан и на некој начин и за ЕУ“ -истакнува Заев во интервјуто за Шпигел, што го пренесува Дојче веле.

Во однос на грчките барања за промени во Уставот, македонскиот премиер смета дека тоа не е неопходно.

- Не гледам никаква причина за барањето името да го менуваме во Уставот, тоа не е достоинствено. На Грција и е потребен доверлив партнер, а не партнер без достоинство. Уставот може да се промени, но тие промени би можеле повторно да се изменат. Најважната гаранција за Грција е решението за спорот за името да биде одржливо. Тоа се прави со меѓународни договори, кои се ратификуваат и важат и во меѓународните организации - наведува Заев.

Предлозите кои деновиве се слушаат од грчки политичари, за менување на името на државата со име кое нема да биде преведено, за Заев се неприфатливи.

- Не можам да препознаам разумни аргументи за такво нешто. Како тоа практично би изгледало, да не се преведува нашето име? Дали треба да ги натераме канцеларката Меркел или претседателот на САД, Доналд Трамп да не нарекуваат, на пример, Severna Makedonija? Таков пример нема никаде во светот“ - посочува Заев.

По промената на името на автопатот и аеродромот во Скопје, македонскиот премиер вели дека не се планираат натамошни слични гестови во таа насока, но најавува дека заеднички комисии од двете земји ќе ги преработуваат историските учебници.

Прашан дали германската влада треба поактивно да учествува во разговорите, Заев вели дека и на македонската и грчката им се потребни поддршка и охрабрување.

- Но да се врши притисок врз било која од страните, не е исправниот пат. Никој не може да ни ја одземе самостојната и суверена одлука во спорот за името - додава претседателот на македонската Влада.

Во однос, пак, на можните територијални претензии на кои предупредува Грција, Заев вели дека единствените претензии од Македонија се насочени кон грчките плажи.

- Да, ние сакаме налето да ги окупираме убавите грчки плажи и острови. Повеќе од еден милион Македонци секоја година патуваат во Грција, таму ги трошиме нашите пари, ја сакаме Грција, има многу контакти меѓу бизнисмени и туристи. Но искрено: немаме никакви други окупациски намери -истакнува Заев за „Шпигел“.

© ЖУРНАЛ    ~225,77

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Журнал дознава кои министерства Заев му ги понудил на Мицкоски да биде дел од Владата
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
МВР со дупки во приказната за џипот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.