МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Ружин: Реакциите од Бугарија служат само за собирање политички поени
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара итна и неотповиклива оставка од Димитров и Спасовски
Заев: Во наредниот период нема да има општ закон за амнестија
Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг
Македонија
Вајгл, Флекенштајн и Кукан во понеделник во Скопје

Вајгл, Флекенштајн и Кукан во понеделник во Скопје

четврток, 22 февруари 2018, 09:44ч.   |   Xh.I.

Европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан во понеделник во Скопје ќе учествуваат на 13. Конференција на Парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од ЈИЕ - Косап.

Засега нема информации дали тројцата пратеници ќе имаат официјални средби со претставници на парламентарните партии. Од канцеларијата на Вајгл во ЕП информираат дека во неговата агенда е само Косап.

Европратениците беа иницијатори на идејата за разговори во куќата на Жан Моне во Париз, но средбата на претставници на парламентарните групи беше одложен. Вајгл на крајот на јануари кажа дека тројцата пратеници решиле во февруари да дојдат во Македонија и дефинитивно да го договорат новиот датум на првиот состанок и темите што би биле усогласени за тој состанок. Првиот предвиден термин, минатиот месец, пропадна бидејќи европратениците не добија потврда од ВМРО-ДПМНЕ, која беше во процедура на избор на ново раководство.

Вајгл, Флекенштајн и Кукан ќе бидат гости-говорници на конференцијата која ќе има две сесии и тоа за Европските перспективи на Западен Балкан и владеењето на правото во Западен Балкан.

На отворањето ќе зборува претседателот на Собранието Талат Џафери, а како гости говорници на сесиите се најавени и евроамбасадорот Самуел Жбогар, Кристијан Вигенин, претседател на Комисијата за европски прашања и контрола на Европските фондови, амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли, како и министрите за надворешни и за правда на Македонија Никола Димитров и Билен Салији.

На конференцијата, најавено е, ќе биде усвоена заедничка изјава.

© ЖУРНАЛ    ~99,33

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.