МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
Дурловски ја насочуваше толпата во Собранието, сведочеше градоначалникот на Шутка, Ку..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Македонија
Хан: ЕК ќе препорача почеток на преговорите со Македонија

Хан: ЕК ќе препорача почеток на преговорите со Македонија

четврток, 22 февруари 2018, 09:43ч.   |   Xh.I.

Европската комисија ќе препорача почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, поддржувајќи проширување на Унијата кон Западен Балкан, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

– Европската комисија наскоро ќе препорача најверојатно до крајот на летото земјите членки да започнат пристапни преговори со Албанија и со Поранешна југословенска Република Македонија. Веруваме дека двете земји изминатиот период направија значајни реформи и затоа се квалификувани за овој чекор, вели Хан во интервју за германскиот весник „Ди Велт“, пренесува МИА.

За Македонија се наведува дека е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година и прави напори за решавање на спорот за името со соседна Грција кој датира уште од прогласување на независноста на земјата во 1991 година. Укажува на изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел дадена вчера по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев дека решението на овој спор „никогаш не било поблиску“.

Албанија, пак, е кандидат за членство во ЕУ од 2014 година и според Хан „досега направила многу во борбата против организираниот криминал.

Македонија и Албанија треба да им се приклучат на Црна Гора и на Србија кои ги започнаа пристапните преговори во 2012, односно 2014 година и би можеле да станат членки на Унијата најрано во 2025 година.

ЕК треба да го соопшти извештајот за напредокот на државите кандидадти за членство во ЕУ на 17 април.

© ЖУРНАЛ    ~99,33

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Журнал дознава кои министерства Заев му ги понудил на Мицкоски да биде дел од Владата
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
МВР со дупки во приказната за џипот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.