МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Потпишан меморандум за соработка меѓу МНР и Инфо-центарот за евро-атлантски интеграци..
Папата ќе ја посети Македонија во мај
Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да ..
Катимерини: Ретките несреќни коментари на Заев се за да и се додвори на домашната пуб..
Македонија
Русија ќе влијае, но нема да го спречи влезот во ЕУ и НАТО

Русија ќе влијае, но нема да го спречи влезот во ЕУ и НАТО

четврток, 22 февруари 2018, 15:55ч.   |   Xh.I.

Руското влијание врз државата ќе расте со секое, барем и мало напредување на Македонија кон евроатлантските структури, оценуваат домашните аналитичари. Сепак, очекуваат Русија да се помири со нашата стратешка определба и да не применува потешки облици на моќ.

Секое напредување на Македонија кон НАТО, нема да биде пречекано со симпатии и одобрување од официјална Москва, оценуваат домашните аналитичари анализирајќи ги континуираните изјави на руските официјални претставници и институции. Изјавите од руска страна периодов се зачестени, но факт е дека нивната политика се сведува само на подбуцнување за внатрешни, горливи прашања, вели Илија Џугуманов од Евроатлантскиот сојуз на Македонија.

„Руската политика е политика на подбуцнување и разгорување на горливи прашања, најчесто тоа кај нас доаѓа во голем дел преку Србија. Русија ќе биде и дипломатски и економски присутна во нашата земја, но не верувам дека би се зголемиле некакви конкретни чекори за да го блокираат нашиот пат кон евроатлантските структури. Изјавите ќе бидат и натаму присутни, но не верувам дека ќе се случи нешто поконкретно, освен ако ние самите нешто не згрешиме“, изјави Џугуманов.

Интересот на Русија е особено забележителен во меѓуетничките општества, смета професор Селим Ибраими од Институтот за безбедносни студии и развој. Нивниот интерес за внатрешните работи на земјите од Балканот, вклучително и на Македонија, само покажуваат дека влијанието ќе расте, особено со напредокот на Македонија кон ЕУ и НАТО, посочува Ибраими. Освен употребата на дипломатски алатки, Русија би можела да примени и други облици на влијание“, смета Ибраими.

„Не само дипломатски соопштенија или изјави, очекувам вклучување на нивни разузнавачки служби како што беше во Црна Гора или Украина. Затоа македонските власти треба да бидат повнимателни и претпазливи. Затоа што Русија како сила е заинтересирана да има свое влијание од Украина до Балканот“, вели Ибраими.

Но и покрај сè, упатените очекуваат Русија да се помири со стратешката определба на земјава што поскоро, а тоа, според властите, е членство во Европската унија и НАТО.

„Влијание врз јавното мислење може да извршат, но не можат да ја спречат волјата на македонските граѓани да бидеме членки на ЕУ и НАТО“, категоричен е Ибраими.

Инаку, за време на вчерашната посета на Белград, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека со таканаречената Тиранска платформа и изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека е иницијатор на законот за употреба на јазиците, се прекршува Охридскиот рамковен договор и дека Русија е загрижена поради, како што рече, пасивноста од ЕУ за големоалбанските идеи.

Сепак, експертите не очекуваат Русија да покаже сила или реакција со која би можела да ја дестабилизира земјава и регионот, но не исклучуваат одредени дипломатски активности или употреба на мали влијателни форми од економска или трговска природа, или пак одредено неподдржување на меѓународни настани и слично.

Во изминатите неколку години руското влијание врз земјава е интензивирано, а за тоа сведочат бројните соопштенија и реакции од руското МНР за различни политички ситуации во земјава. Забележителна беше и руската пропагандна машинерија во регионот, па не ретко бевме сведоци и на лажни вести и лажна пропаганда.РСЕ
 

© ЖУРНАЛ    ~127,45

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.