МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Ружин: Реакциите од Бугарија служат само за собирање политички поени
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара итна и неотповиклива оставка од Димитров и Спасовски
Заев: Во наредниот период нема да има општ закон за амнестија
Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Алаѓозоски мора да понесе морална и политичка одговорност за хаосот што го предизвика

ВМРО-ДПМНЕ: Алаѓозоски мора да понесе морална и политичка одговорност за хаосот што го предизвика

четврток, 22 февруари 2018, 13:29ч.   |   Xh.I.

Годишната програма за култура е скандалозна и хаотична и не ги одразува реалните потреби во културата. СДСМ буџетот наменет за култура го претвори во колач за поткусурување со коалиционите партнери. Уметниците се револтирани и гневни. Културата никогаш до сега не била толку деградирана, а уметниците толку омаловажени, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, срамно и понижувачки е најстариот македонски детски музички фестивал „Златно славејче“, кој постои 48 години, да добие само 200.000 денари, а за сметка на тоа се одвојуваат 300.000 денари за само една песна. „Национални установи се запоставени за сметка на граѓански здруженија за кои јавноста првпат слуша. Нереално и неодговорно е здружението за лов АРТ Тетово да добие рекордни 900.000 денари за проектот ‘Запознавајќи ги нашите вредности’, додека на Сојузот на композиторите на Македонија за музичката манифестација ‘Струшка музичка есен’, која има 42-годишна традиција, се доделени само 150.000 денари“, велат од партијата.

Тие додаваат дека „таканаречените шарени револуционери добиваат милиони, додека вистинските уметници се оставени со смешни средства“. „Непотизмот е една од клучните методи по кои се делени средствата по основа на годишната програма за култура. Јавноста е фрапирана на кој начин претседателот на Комисијата за музичка сценска дејност, Васо Ристов, делел пари за неговиот матичен факултет и за проектите и настаните на кои тој се јавува како организатор или дел од жирито. Недозволиво е да се понижува и деградира културата за сметка на аматеризам и непрофесионализам. Културата  не смее да биде поле за поделба на влијание помеѓу коалициските партнери во власта“, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повикува да се повлече оваа скандалозна програма. Да се состават нови комисии за доделување средства и да се изврши повторно прерасподелување, а Роберт Алаѓозоски мора да понесе морална и политичка одговорност за хаосот што го предизвика.

© ЖУРНАЛ    ~141,47

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.